Црна хроника
Маж добил изгореници додека местел струја во куќа во изградба
Вчера во 10.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Ургентен центар во Тетово со изгореници бил донесен Х.И.(60) од тетовска Мала Речица.
Според пријавеното, тој дошол во допир со далековод додека работел на инсталирање на струјна мрежа во куќа во изградба во тетовски Калник и се здобил со изгореници. Увид на местото извршиле екипа од СВР Тетово и трудов инспектор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист излетал од патот во Струмичко, се здобил со тешки повреди
Синоќа во Полициската станица Струмица било пријавено дека на локален пат помеѓу селата Робово и Муртино, струмичко, Р.П.(36) од село Владевци, струмичко, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот излетал надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица.
Извршен е увид.
Топ
Ограбена аптека во Ново Лисиче, разбојникот уапсен веднаш по грабежот
Вчера во 21.55 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 30-годишниот Б.П. од населба Илинден, Скопје, извести МВР.
„Тој се сомничи дека околу 21.30 часот во аптека во населба Ново Лисиче со закана со пиштол кон вработените одзел пари од дневниот промет. Пиштолот бил пронајден и одземен, а биле пронајдени и парите и биле вратени на сопственикот“, соопшти МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Гостиварец измамен за сума од 760 евра: преку социјалните мрежи собирал пари за лекување во странство
Вчера во 14.40 часот во ОВР Гостивар, 31-годишен гостиварец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 760 евра.
Според пријавеното, околу 09.00 часот лицето се јавило преку социјална мрежа и се претставило како Р.М. од Република Србија, кој работел во хуманитарна организација. Како што е пријавено, лицето го видело апелот за помош за негово лекување во странство и сакало да помогне со донација на поголем износ, но било потребно прво тој да уплати 760 евра бидејќи таква била процедурата.
Исто така, според пријавеното, откако ги пратил парите преку брз трансфер на пари, лицето го блокирало, по што сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.