Топ
Момче влегло да се капе во водите на брана и исчезнало: се трага по 29-годишен струмичанец
Момче влегло да се капе во водите на браната во близина на струмичкото село Дрвош и не излегло. Екипи трагаат по исчезнатото момче.
„На 16.7.2023, во 13.30 часот, во СВР Струмица, од итната медицинска помош било пријавено дека околу 13 часот, М. П. (29) од с. Дабиле, Струмичко, влегол во водите од браната во близина на селото Дрвош, Струмичко, и не излегол“, соопшти СВР Струмица.
За настанот бил запознаен Центарот за управување со кризи и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски патува во Брисел: Ќе ја пренесам фрустрацијата на народот, пречките за ЕУ се вештачки наметнати
Премиерот, Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, ќе престојува во работна посета на Брисел.
Во Брисел, Мицкоски заедно со лидерите од Западен Балкан ќе присуствува на ручек организиран од претседателката на Европска комисија, Урсула Фон Дер Лајен.
Потоа ќе оствари средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, како и со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.
Премиерот рече дека на средбата ќе ја пренесе фрустрацијата на македонскиот народ дека имаме вештачки наметнати пречки за продолжување на преговорите со Европската унија.
„Повеќе од деценија и пол не сме во можност да почнеме преговори со ЕУ оти има вештачки наметнати пречки кои ниту една друга земја ги немала“, рече Мицкоски.
Состанок е предвиден и со Генералниот директор на генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР) Герт Јан Компан.
Оваа дипломатска средба на Претседателот на Владата Мицкоски е со цел интензивирање на досегашната соработка и е важна за процесот за пристапување на Северна Македонија кон Европската Унија.
На состаноците ќе бидат опфатени низа прашања кои се однесуваат на регионална стабилност, зголемена економска соработка, усогласување на реформите со европските стандарди, владеење на правото и бескомпромисната борба на Владата против корупцијата и криминалот.
Македонија
(Видео) „Дали МЕПСО постапувал во согласност со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, како донација на студио за танц има импакт врз јавноста“, прашува Митева
„Донациите и спонзорствата на АД МЕПСО се сомнителни по неколку параметри. Прво, согласно планот и анализата предвиден за 2024 година биле предвидени 12.300.000 денари, а од страна на раководството биле потрошени 22.712.500 денари. И второ, согласно членот 11 од Законот за донации и спонзорства во јавните дејности каде се утврдува дека преку целта на донација треба да се утврди, оствари, промовира или поддржи дејност од јавен интерес“, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
„Па оттука прашуваме, која е дејноста од јавен интерес што АД МЕПСО го спонзорирал преку Здружението на граѓани за промоција 22 Нентор кое во февруари годинава добило 120.000 денари. За дел од примателите на донациите, како на пример СЕСОН кое добило 300.000 денари и ОФ на Македонија кое добило 1.000.000 денари не може да се најдат подетални податоци. Понатаму, на Центарот за модерни и спортски танци Прима Данца биле доделени 300.000 денари во месец април оваа година. На Боречки клуб Тефејуз Скопје биле доделени 300.000 денари.
Листата на донации и спонзорства е долга и голема, па затоа прашуваме дали согласно член 19 од Законот за донации и спонзорства се изготвени извештаи помеѓу давателот и примателот на донацијата кои се должни тоа да го направат? Дали врз основа на тие извештаи може да се утврди целта на донацијата и импактот кој истата го имала врз јавноста?
Владеењето на СДС и ДУИ беше катастрофално на секое ниво. Ќе продолжкме да ја информираме јавноста за информациите кои доаѓаат до нас, а за сите овие работи очекуваме одговорност и соодветни постапки“, соопшти Марија Митева, портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.
Свет
Будимпешта се подготвува за поплави – се поставуваат бариери пред куќите и брани околу Дунав, за викендов најавена опасноста
Во градовите северно од Будимпешта властите поставија мобилни брани за да ги ограничат поплавите од Дунав. Будимпешта се подготвува за рекордно ниво на вода поради што е затворен островот Маргит, одморалиште со хотели и ресторани.
Во сила стапи указот на унгарскиот премиер Виктор Орбан за заштита од поплави, според кој беа наредени координирани мерки за заштита на целата територија на Унгарија, а Орбан денеска изјави дека во тек е најтешката фаза на заштита.
Циклонот Борис донесе многу дожд во Европа и предизвика поплави, кои стигнаа и до Унгарија, каде што Дунав се излеа од коритата. Се наведува дека моментниот водостој на Дунав е 683 сантиметри, а вчера бил под 600 сантиметри.
Поплавен е кејот покрај Дунав, а врвот на поплавниот бран, како што изјави градоначалникот на Будимпешта, се очекува да биде в недела, иако вчера беше најавено дека ќе биде ноќта меѓу петок и сабота.
Разорните поплави предизвикаа пустош во Полска, Австрија, Чешка, Словачка и во оманија, а според последните информации, најмалку 20 луѓе загинале на Стариот континент. Во Словачка, министерот за животна средина, Томаш Тараба, рече дека нивото на водата на Дунав во текот на ноќта достигнала речиси 10 метри и дека нема толку лесно да се спушти. Тој додаде дека штетите од поплавите во државата се проценуваат на речиси 20 милиони евра.