Топ
Момче влегло да се капе во водите на брана и исчезнало: се трага по 29-годишен струмичанец

Момче влегло да се капе во водите на браната во близина на струмичкото село Дрвош и не излегло. Екипи трагаат по исчезнатото момче.
„На 16.7.2023, во 13.30 часот, во СВР Струмица, од итната медицинска помош било пријавено дека околу 13 часот, М. П. (29) од с. Дабиле, Струмичко, влегол во водите од браната во близина на селото Дрвош, Струмичко, и не излегол“, соопшти СВР Струмица.
За настанот бил запознаен Центарот за управување со кризи и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Се бара донација од пченка и јаболка оти мечки се доближуваат до селата околу Шар Планина

Националниот парк „Шар Планина“ повика на донации во форма на домашна пченка и јаболка, бидејќи се забележани повеќе случаи во кои мечки се доближуваат до планинските села во потрага по храна.
Од тука велат дека во последните две недели, сè почесто се забележуваат случаи на приближување на мечки кон населени места во регионот на Националниот парк. Овој феномен, како што се додава, е резултат на намалени природни извори на храна во подрачјата кои се нивно природно живеалиште.
„За да се намали ризикот од несакани средби со луѓе и да се помогне за здравјето и безбедноста на овие важни жители на нашата планина, започнуваме иницијатива за симболична прихрана на мечките, на оддалечени и безбедни локации, далеку од населени места и планинарски патеки. Бараме доброволни донации на јаболка и пченка од домашно потекло, со цел хранењето да биде што е можно послично на природната исхрана на мечката (Ursus arctos), која претежно е растително базирана“, велат од Националниот парк.
Се додава дека дистрибуцијата на храната ќе ја извршува нивната управа во соработка со волонтерска служба, во согласност со Програмата за заштита, одгледување и управување со дивечот (2023–2033), каде што се препорачува симболична прихрана како метод за следење и заштита на дивечот.
Македонија
Неопходно е да се додаде по уште една лента на експресниот пат Штип – Кочани, експертите ценат дека има и технички недостатоци

Денеска во Кочани претставници од Одделот за сообраќај на Министерството за внатрешни работи присуствуваа на експертскиот панел „Безбедносните ризици на експресниот пат Штип – Кочани“.
Панелот беше инициран од универзитетскиот професор Јован Шоповски со поддршка на општествено одговорната компанија „Амфенол Технолоџи Македонија“. На панелот учествуваа и претставници на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, експерти и професори од универзитетите во Скопје и Штип, сообраќајни инспектори во регионот и други учесници засегнати од проблемите на новоизградениот експресен пат.
Сообраќајните експерти се согласија за неопходноста од подигање на безбедносните услови на оваа делница при што се предложија одржливи решенија.
Еден од најприфатливите предлог решенија на експертите е концептот „два плус два“, односно додавање по една коловозна лента на постојните и нивно физичко разделување.
Во дискусиите беа потенцирани и неколку критични точки на кои се случиле најголемиот број од несреќите во кои имаше жртви, при што освен возењето со неприлагодена брзина и непочитувањето на сообраќајната сигнализација, беа наведени и некои технички недостатоци за кои консензусот беше дека мора да се отстранат во најбрз можен рок.
Македонија
Изгласан Законот за ратификација на договорот со Обединетото кралство – власта ракоплескаше, опозицијата негодуваше

Со 76 гласа за, 6 против и без воздржани, Собранието го изгласа Законот за ратификација на договорот меѓу Владите на Македонија и Обединетото Кралство за 6-те милијарди евра.
Мнозинството по гласањето ракоплескаше, додека опозицијата негодуваше со извици.
Според власта се работи за историски договор, додека според опозицијата, истиот е нетранспарентен и со непозната камата.
По критиките на опозиција за нетранспарентност, премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека вкупната каматна стапка за заемот ќе биде пониска од маргината 4,5 проценти, појаснувајќи дека ќе се користи кредитниот рејтинг на Обединетот Кралство што е трипати А. Потенцира дека дека тоа е најдоброто што во овој момент Македонија може да го добие на пазарот.