Црна хроника
Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка, со повреди заврши и дете
Вчера во 23.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од бул. „Ленинова“ со бул.„Маршал Тито“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од Р.У.(18) и патничко возило „фолксваген бора“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Х.(60) двајцата од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од Скопје, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Деца ги нападнале родителите, жена натепана од партнерот – нови случаи на семејно насилство во Македонија
Во текот на вчерашниот ден, во полицијата биле пријавени три случаи на семејно насилство.
Според информациите од МВР, 22-годишна жена од Косово пријавила дека околу 02.30 часот во домот на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер В.А..
Истовремено 67-годишна жена пријавила дека истотака во Гази Баба била физички нападната од нејзината ќерка Д.С., која употребила и тврд предмет и оштетила дел од покуќнината.
Сличен случај е пријавен и во штипската полиција, каде е поднесена кривична пријава против Љ.Н.(57) од селото Габрово, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Пријавениот во неколку наврати физички го нападнал својот татко, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Црна хроника
Скопјани се судриле со автомобилите во Центар, па физички се пресметале, објави МВР
Сообраќајна несреќа во центарот на Скопје, завршила со физичка пресметка.
„Вчера на подрачјето на Центар, по претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Б.(21) и 68 – годишната З.О., двајцата од Скопје“, објави МВР во дневниот билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од полицијата.
Црна хроника
Тинејџерка излета од патот во близина на грчката граница – итно пренесенa во болница
18-годишна тинејџерка од селото Стојаково е тешко повреденa откако вчера излеталa од локален пат во близина на грчката граница.
-Вчера во 13.45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на локален пат с.Стојаково – с.Богородица, гевгелиско, патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(18) од село Стојаково, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Д., констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија, велат од МВР.