Контакт

Црна хроника

Пожар избувна во автобус кај Сарај

Објавено пред

Утрово, на улицата 20 во с. Сарај, во близина на мостот „Сарај“, избувнал пожар во автобус, сопственост на Т. С. од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Според пријавеното, возачот К. А. (45) од с. Глуво, Скопско, го ставил автобусот во погон да се загрее по што забележал дека од задната страна кај моторот избувнал пожарот.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил локализиран, а повредени лица нема. Увид е извршен.

Црна хроника

Приведени двајца крадци од Липковско

Објавено пред

Во текот на вчерашниот ден, во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А. С. (18) и Н. М. (19), двајцата од село Слупчане, Липковско.

dobivaj vesti na viber

Тие се сомничат дека на 28.2.2023 со употреба на сила влегле во продажен објект во село Романовце и одзеле повеќе предмети.

А. С. и Н. М. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Фатени крадци во Битола, краделе од куќи, автомобили и спортска обложувалница

Објавено пред

Полицијата приведе тројца крадци во Битола,  и расчисти пет кривични дела.

dobivaj vesti na viber

„На 19.03.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода Д.О.(37) и А.А.(35), двајцата од Битола, а службен разговор во полициска станица бил извршен и со А.М.(27) од Битола. Тие се сомничат дека извршиле три тешки кражби и две кражби во куќи, патнички возила и спортска обложувалница, од каде одзеле разни предмети и пари“, велат од МВР.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците, а по целосно документирање на случаите против нив ќе следува соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Топ

Македонецот кој загина во сообраќајката кај Врање имал 25-години, се враќале кон кафеана поради заборавен телефон

Објавено пред

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера на улицата „Партизански пат“ во Врање.

dobivaj vesti na viber

Како што пишуваат српските медиуми, во несреќата животот го загубило 25-годишно момче од Македонија.

Во автомобилот имало неколку лица, но само едно починало на лице место, потврдиле извори од истрагата.

Исто така, неофицијално се пишува дека лицата го згрешиле патот кон Македонија и се упатиле кон Златокоп, но потоа се сетиле дека го заборавиле мобилниот телефон во кафеаната во центарот на градот, каде што претходно престојувале и се вратиле назад, по што се случила несреќата.

Автомобилот од непозната причина излетал од патот и удрил во рабник. Истрагата е во тек.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Костовски: Грешка беше што ја поддржав Арсовска, сега лично се пресметува со мене

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, по една и пол година признава дека направил грешка што ја поддржал градоначалничката на Скопје,...

Македонија1 час

Бектеши: Утре замрзнуваат цените за јајцата и оризот, нема поскапување за Велигден и Рамазан Бајрам

На утрешната седница Владата ќе ги замрзне маржите на оризот и јајцата на цени од почетокот на овој месец. Министерот...

Свет2 часа

Кинескиот претседател стигна во Москва: летот беше еден од најследените во светот, сите погледи вперени кон „боингот 747“

Авионот на кинескиот претседател Си Џинпинг слета на меѓународниот аеродром Внуково во Москва, а самиот лет предизвика голем интерес. Летот...

Топ3 часа

Македонецот кој загина во сообраќајката кај Врање имал 25-години, се враќале кон кафеана поради заборавен телефон

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера на улицата „Партизански пат“ во Врање. Како што пишуваат српските медиуми, во несреќата животот...

Македонија3 часа

(Видео) Судир меѓу четири возила на „Партизанска“, вклучени заштитни перничиња: одекна силен удар

Верижен судир се случи на булеварот „Партизански одреди“ во Карпош 4, спроти трговскиот центар Антико. Во несреќата учествуваа четири возила,...

Македонија4 часа

Ова е список на најсреќните нации во светот: Македонија најнесреќна во регионот

Финска е прогласена за земја со најсреќна популација шеста година по ред, според Светскиот извештај за среќа објавен денеска. Македонија...

Свет4 часа

Институтот за војна: Руското темпо се намалува, Путин се плаши

Во неделниот извештај, Институтот за проучување на војната вели дека можната украинска контраофанзива во близина на Бахмут предизвикува зголемена загриженост...

Свет4 часа

Северна Кореја изведе нуклеарни вежби: Ова е предупредување до непријателот

Војската на Северна Кореја изведе нуклеарни воени вежби симулирајќи нуклеарен контранапад на САД и Јужна Кореја. Вежбите ги надгледуваше севернокорејскиот...

Европа19 часа

Украина за доаѓањето на Путин во Мариупол: Криминалецот секогаш се враќа на местото на злосторството

Рускиот претседател Владимир Путин го посети Мариупол, град кој падна во рацете на Русија минатата година по страшното уништување, прикраднувајќи...

Вести1 ден

(Видео) Вучиќ тврди дека немаат обврски кон Приштина: Се надевам ќе има заедница на српски општини, се плашам дека ќе биде потешко од што мислам

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред јавноста објаснуваше зошто ништо не е потпишано со косовската страна. И покрај ова, тој...

Свет1 ден

Германски министер се закани: Ќе го уапсиме Путин ако стапне во Германија

Ќе го уапсиме претседателот на Русија, Владимир Путин, доколку дојде во Германија, изјави германскиот министер за правда Марко Бушман за...

Свет1 ден

(Видео) Путин изведе шоу во Мариупол: Среде ноќ им влезе дома на луѓето, а тие го пречекаа со храна на масата

Рускиот претседател Владимир Путин во текот на ноќта го посети окупираниот украински град Мариупол, кој руската армија прво го уништи,...

Регион1 ден

Петте клучни точки од вчерашните маратонски преговори меѓу Вучиќ и Курти во Охрид

Последната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина, чиј фокус беше договорот за имплементација на европскиот предлог за Косово, се...

Македонија1 ден

Грчкиот суд ја отфрли тужбата против Центарот за македонски јазик: „Во иднина да се отворат приватни македонски училишта“

Локалниот грчки суд во Леринско ја отфрлил тужбата против Центарот за македонски јазик. Веста ја потврдија од Обединетата македонска дијаспора...

Свет1 ден

(Видео) Расте бројот на загинати во Еквадор: многу луѓе се затрупани, се трага по преживеани

Најмалку 15 загинати и 126 повредени по силниот земјотрес што вчера го погоди Еквадор, соопшти Националната служба за управување со...

Свет1 ден

(Видео) Путин во Мариупол: посети неколку места и разговараше со жителите

Руската новинска агенција РИА Новости објави видео за кое тврди дека го прикажува рускиот претседател Владимир Путин како вози автомобил...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: Им честитам на претседателот Вучиќ и премиерот Курти за храброста и визионерството

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски им честиташе на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти за храброста и...

Регион2 дена

„Бега од потпишување“, посочи Курти за Вучиќ по средбата, па остави ЕУ да најде начин за обврските да бидат обврзувачки

Косовскиот премиер, Албин Курти го обвини претседателот на Србија, Александар Вучиќ дека бега од потпишување на договор, а со цел...

Регион2 дена

Борел обзнани што Косово и Србија прифатиле, што одбиле: Некогаш ѓаволот е во тајмингот

Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Жозев Борел, кажа дека има договор помеѓу Белград...

Вести2 дена

Вучиќ по средбата со Курти: Не е ден „Д“, не потпишавме ништо, имам трошка задоволство

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по 12 часовната средба со косовскиот премиер Албин Курти, е задоволен од дијалогот. Тој кажа...