Топ
Потврден притворот за Мухамед Зеќири, соопшти Кривичниот совет

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, останува во притвор, бидејќи Кривичниот совет го потврдил решението на судијата на претходна постапка.
„Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, постапувајќи по жалба на одбраната на осомничениот М.З. во однос на решението на судија на претходна постапка, денеска одржа јавна седница во присуство на странките, по која ценејќи ги фактите приложени во жалбата, донесе решение со кое го потврди решението на претходна постапка со измени во основите кои постојат за определување на мерката притвор. Односно, советот го преиначи решението на претоходна постапка на начин што ја укина точна 3 од чл. 165 ст.1, односно можност обвинетиот да го повтори делото“, е наведено во официјалното соопштение.
„Како што судот веќе извести, судија на претходна постапка, одлучувајќи по предлог на ОЈО ГОКК за определување мерка притвор, на 08.04.2022 година донесе решение со кое го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП“, посочуваат од институцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Посакувам среќа да се победи во барем една општина: Костадинов до СДСМ откако најави ново делување

Aктуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, објави на социјалните мрежи дека поради тешката состојба на неговата партија ќе започне со ново интерпартиско делување.
„Свесен за тешката состојба во која се наоѓа мојата партија, од безидејноста, сакам да помогнам за жал нема како. Во следните месеци, ќе започнам со креирање на ново интерпартиско делување, кое ќе биде презентирано по завршувањето на локалните избори“, пишува Костадинов.
Се повикува на целосно прецизна стратегија, доволно мотивирачка за да обедини, како што вели, авторитети што ѝ недостигаат на СДСМ, „тешки за да бидат непривлечни за политичките авантуристи, и доволно забавни за да се пронајдат младите“.
„Мојата стратешко политичка одлука за делување во СДСМ или можеби надвор од СДСМ ќе биде јавно кажана во два дела. Првата ќе биде септември, конечната по завршување на овие локални избори. До тогаш посакувам среќа да се победи во барем една општина“, додава тој.
Топ
Затаила над 50 милиони денари, ниту пријавувала, ниту плаќала данок: кривична за сопственичка од Кавадарци

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и овластен потписник на Друштвото за производство, трговија и услуги РУЖ ЕКСПОРТ ДООЕЛ КАВАДАРЦИ.
Таа се сомничи за сторено кривично дело Даночно затајување по член 279 став 3, Продолжено кривично дело по член 45 став 1 и став 2 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.
Пријавената С. Т. во својство на сопственик, управител и овластен потписник на Друштвото за производство, трговија и услуги РУЖ ЕКСПОРТ ДООЕЛ КАВАДАРЦИ, во периодот од 01.01.2013 година до 31.12.2018 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, набавувала трговска стока на отворен пазар од физички лица во готово, набавената трговска стока не ја евидентирала на залиха на ТД Руж Експорт, издала вкупно 2.785 излезни фактури и изјави за потекло на земјоделски производи со потпис и печат, извршила вкупно 2.785 извози на трговска стока во Р.Албанија, Р. Србија, Р. Црна Гора, Р.Косово и Русија преку 14 царински испостави во вкупен износ од 514.031.324 денари за кој износ не пресметала, не пријавила и не платила данок на добивка во износ од 50.854.180 денари на штета на Буџетот .
Со цел да ги прикрие инкриминираните дејствија со кои се стекнала со противправна имотна корист, а да ја избегне законски пропишаната обврска за пресметување и плаќање Данок на добивка, пријавената С. Т. свесно и со намера во име и за сметка на ТД Руж Експорт поднела завршни сметки за 2013, 2014, 2015, и 2016 година до Централен Регистар и до УЈП со невистинита содржина.
Со цел да ги прикрие инкриминираните дејствија со кои се стекнала со противправна имотна корист, а да ја избегне законски пропишаната обврска за пресметување и плаќање Данок на добивка, целокупната книговодствена документација од работењето на ТД Руж Експорт ДООЕЛ свесно и со намера е уништена од страна пријавената С.Т.
Пријавената С.Т. со умисла извршила повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос, исти прилики или други слични околности, односно извршила повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат остварување на истородни дела.
Пријавената С. Т. свесно и со намера во име и за сметка на ТД Руж Експорт, а со цел да ги прикрие трагите на стореното кривично дело во име и за сметка на ТД Руж Експорт ДООЕЛ не поднела завршни сметки за 2017, 2018 и 2019 година до Централен Регистар и до УЈП и од 27.02.2020 година има статус на ИЗБРИШАН СУБЈЕКТ врз основа на чл.552-а и 552 –б од ЗТД.
Со горенаведените инкриминирани дејствија пријавената С.Т. преку правниот субјект: „РУЖ ЕКСПОРТ“ се стекнала со противправна имотна корист од затаени парични средства на име данок на добивка во вкупен износ 50.854.180 денари, за кој износ го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија.
Регион
(Фото) Масовна евакуација на туристи поради пожар на Крит

Голем пожар во Грција продолжува да беснее во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна шумска област во близина на општината Иерапетра.
Пожарот го поттикнуваат ветрови со сила на ураган што достигнуваат до ниво осум степени според Бофортовата скала, што предизвикува брзо ширење кон југ и закана за станбени згради, туристички сместувачки капацитети и клучна инфраструктура, вклучително и бензинска пумпа.

EPA/NIKOS CHALKIADAKIS
Според службите за итни случаи, пожарот во моментов се шири на најмалку 6 километри, што го отежнува неговото локализирање. Густ чад зафатил поширока област, а видливоста на некои места е намалена на речиси нула.
Чадот се проширил дури до плажата Макри Гиалос, каде што пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот.

A wildfire at Ierapetra, on Crete island, Greece, 02 July 2025. A large wildfire erupted in the afternoon in an agro-forested area in eastern Crete, at the Ahlia site in Lasithi prefecture, with authorities later issuing an alert to local residents to evacuate towards Ierapetra. A total of 155 firefighters were dispatched to the scene, operating 38 vehicles, while two water-dropping aircraft assisted. EPA/NIKOS CHALKIADAKIS
Главниот пат во близина на населбата Агиа Фотија беше затворен за сообраќај, а полицијата ги повика жителите и туристите да избегнуваат секакви непотребни патувања поради исклучително лошиот квалитет на воздухот, екстремната топлина и пепелта што паѓа од небото.
Локалните извори наведуваат дека областа Агиа Фотија останала без електрична енергија. Најмалку четири постари лица беа однесени во болница со проблеми со дишењето предизвикани од вдишување чад.

EPA/NIKOS CHALKIADAKIS
Здравствените власти ги ставија сите болници на Крит во состојба на готовност. Властите наредија масовна евакуација на хотели, приватни сместувања и домови во општина Ферма, бидејќи пожарот се приближува кон областа. Операцијата се спроведува со поддршка на пожарникари, полиција и локални волонтери.
Досега, околу 1.500 луѓе се евакуирани од околните села и туристички области и однесени во Иерапетра. Околу 200 од нив се привремено сместени во градската спортска сала.

EPA/NIKOS CHALKIADAKIS
Противпожарните сили се значително засилени. До среда вечерта, на местото на настанот беа 155 пожарникари, осум специјализирани пешадиски екипи и 38 противпожарни возила.
До зајдисонце, четири хеликоптери фрлаа вода врз пожарот. Локалните општински власти, исто така, распоредија цистерни за вода и тешка механизација.

EPA/NIKOS CHALKIADAKIS
Дополнителни сили се на пат – уште 17 пожарникари, една пешадиска екипа и пет возила доаѓаат од Пиреја, а уште 33 пожарникари и четири дополнителни екипи на EMODE од Елефсина.
Пожарот, кој избувна помеѓу Агија Фотија и селото Скинокапсала, се шири низ густа, запалива вегетација. Сувите услови, стрмниот терен и силните ветрови го отежнуваат гаснењето.

EPA/NIKOS CHALKIADAKIS
Порано оваа недела, повеќе од 50.000 луѓе во Турција беа евакуирани поради пожар во Измир, а најмалку шест лица загинаа како резултат на топлотниот бран што ја погодува Европа – вклучително и Шпанија, Италија и Франција.