Контакт

Црна хроника

Пресечен меѓународен канал за недозволена трговија со синтетички дроги

Објавено пред

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Секторот за криминалистички истраги, Единицата за недозволена трговија со дрога подолг период врши истраги поврзани со недозволена трговија со синтетички дроги кои дилерите на дрога во нашата држава ги набавуваат преку користење на интернет-платформата „Даркнет“. На ова поле, преку одличната меѓународна полициска соработка со германската сојузна царинска служба ЦКА и германската БКА, како и беспрекорната соработка со Царинската управа на РСМ, со поддршка на ,,ИПА 2019 – Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан“ реализираше случај на недозволена трговија со амфетамин во Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Преку директна комуникација и соработка на ОСОСК – ЕНТД со ЦКА и БКА од СР Германија и помеѓу ОЈО Скопје и Јавното обвинителство од Франкфурт – СР Германија е добиено сознание за поштенски пратки со наркотични дроги кои пристигаат во нашата држава, а за кои постојат основи на сомнение дека континуирано биле нарачувани и плаќани преку ,,Даркнет“ со криптовалути. Притоа, ОСОСК со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, во заедничка синхронизирана и координирана операција со германските партнери, Царинската управа и Граничната полиција, на 15.9.2022 година приведе две лица од Скопје, кои во изминатиот период нарачувале амфетамин и други видови синтетички дроги кои пристигнувале сокриени во разни видови  поштенски пратки. За време на претресите во домовите на двете лица врз основа на наредби од Основен кривичен суд – Скопје, покрај една поштенска пратка со амфетамин, ОСОСК – ЕНТД пронајде и одредени количини  марихуана, гасен пиштол и компјутерска опрема, за која постои сомнение дека се користела за нарачки на дрога. Во координација со ОЈО Скопје, денеска ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело недозволена трговија со наркотична дрога, психоактивни супстанци и прекурсори, предвидено во член 215 од КЗ.

ОСОСК – ЕНТД продолжува со борбата против организираните облици на недозволена трговија со дрога во соработка со сите странски фактори и Јавните обвинителства.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога

Објавено пред

Полицијата вчера го приведе И.Ѓ.(28) од Битола.

dobivaj vesti na viber

При извршен преглед во угостителски објект на кеј „Македонија“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа бела прашкаста материја, а при претрес извршен во хотелска соба каде престојува, пронајдена и одземена е марихуана., велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Три автомобили се судрија кај Делчево, повредени неколку лица

Објавено пред

Синоќа на магистралниот пат А-3 Штип-Делчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило ,,голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.М.(34) од селото Облешево, патничко моторно возило „тигуан“ со кочански регистарски ознаки, управувано од К.Ј.(27) од селото Мојанци и патничко моторно возило „ауди А4“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(34) од Виница.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото моторно возило ,,голф“ М.М., а сопатниците во патничкото моторно возило ,,тигуан“ С.Ј.(51) и Ж.Ј.(47) и двајцата од с. Мојанци се здобиле со телесни повреди, констатирани од лекар во Општата болница-Кочани, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР-Кочани.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Кумановец со автомобилот удри во велосипедист

Објавено пред

Вчера во Куманово, на улицата Народна револуција и булеварот Трета Македонска ударна бригада, автомобил „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од З.С.(54) од Куманово удрил во велосипедист Т.К.(70).

dobivaj vesti na viber

По несреќата велосипедистот Т.К. бил пренесен во Општата болница Куманово, каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила полициска екипа.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт29 минути

Скопје се разбуди со ритамот на тркачите: „Виз Ер Скопски маратон“ со нови рекорди и уникатни транспаренти

Над 8.500 тркачи од повеќе од 47 земји од светот ги исполнија скопските улици со спортска атмосфера, позитивен утрински дух...

Европа2 часа

Зеленски: Лиман е денес целосно исчистен

Украина има целосна контрола врз Лиман со најзначајното освојување на бојното поле на Киев во последните неколку недели, за кое...

Македонија2 часа

Радев: Бугарија е подготвена да го зголеми извозот на струја во Северна Македонија

Бугарија е главен извозник на струја во регионот и подготвени сме да го зголемиме извозот во Северна Македонија, изјави бугарскиот...

Македонија3 часа

Лефков: Аферата „Броило“ покажува како Ковачевски и неговиот кум свртеле 26 милиони евра

Фирми основани од Димитар Ковачевски и негови семејни врски вртат милионски суми во енергетскиот бизнис, и тоа додека Македонија е...

Македонија4 часа

Пендаровски и уште осум претседатели на членки на НАТО: „Русија веднаш да се повлече од окупираните територии“

Претседатели на дел од земјите-членки на НАТО од централна и источна Европа, меѓу кои и Стево Пендаровски, во заедничка изјава...

Регион6 часа

Бугарите гласаат на четвртите избори за помалку од две години

Бугарите денес гласаат на четвртите национални избори за помалку од две години, со мала надеж дека ќе се појави стабилна...

Свет7 часа

САД за украинското заземање на Лиман: Сега ќе им биде потешко на Русите

Американскиот секретар за одбрана го поздрави украинското заземање на Лиман, клучното руско упориште во источна Украина. „Многу сме охрабрени од...

Македонија21 час

Фон дер Лајен го поздрави позитивниот моментум меѓу Бугарија и Македонија

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен го поздрави позитивниот моментум меѓу Бугарија и Македонија, по денешните состаноци...

Свет23 часа

Русија објави дека ја повлекла војската од Лиман

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека ги повлекла руските војници од стратешкиот град Лиман во источна Украина. Како што...

Регион1 ден

Интерконекторот со Грција е во функција, Бугарија сега добива гас од Азербејџан

Проектот за интерконектор е на агендата на ЕУ веќе 10 години. Започна во 2009 година, кога Бугарија беше многу силно...

Економија1 ден

Мелничарите најавуваат поскапување на лебот и брашното за 10 отсто

Поради скапата струја и растот на берзанските цени на пченицата, меничарите најавуваат дека до крајот на ноември цената на лебот,...

Економија1 ден

Мицкоски го покани Битиќи во „Белата палата“ за да му го објасни планот за закрепнување на економијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го покани вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи утре да дојде на состанок во...

Македонија1 ден

(Видео) Петровска: Поддршка од 78 милиони долари од САД за развој на Армијата

Ја добивме веста за сојузничка поддршка од вкупно 78 милиони долари кои ќе се насочат во проектите потребни да ги...

Регион1 ден

Бугарите стравуваат од политички хаос по изборите в недела

Бугарите кои утре ќе одат на четвртите избори за помалку од две години, претпоставуваат дека зимава ги чека неизвесност поради...

Европа1 ден

„Гаспром“: Од гасоводот истече гас колку што и’ треба на Данска за три месеци

Портпаролот на гасниот гигант „Гаспром“, кој е под контрола на Кремљ, во петокот изјави дека истекле 800 милиони кубни метри...

Македонија1 ден

Аферата „Броило“ ќе открие фирми блиски до власта кои правеле милиони во време на кризи, најави опозицијата

Додека стандардот на граѓаните пропаѓа со секој нов ден од кризите, некој дебело профитира и се богати.Тоа ќе го открие...

Економија1 ден

СДСМ: Во март пензиите ќе се зголемат за нови шест проценти

Се очекува наредното зголемување на пензиите во март идната година да изнесува околу 6 проценти, со што пензиите во период...

Македонија1 ден

Пендаровски во Бугарија ќе се сретне со Радев и Урсула фон дер Лаен

Претседателот Стево Пендаровски, по покана на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, денес во Софија ќе присуствува на церемонијата по...

Македонија2 дена

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Вицепремиерот Артан Груби денеска изјави дека ДУИ може да функционира и без него. Оваа негова изјава дојде откако лидерот на...

Европа2 дена

Медведев: Голема Русија повторно се раѓа

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, се огласи по потпишувањето на указот за пристапување на четирите окупирани украински...