Црна хроника
Претрес во Дебарско, приведени тројца албански државјани барани со потерница

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи заедно со полициски службеници од ОВР Дебар и ОВР Струга, врз основа на судска наредба, вчера извршиле претрес во објект во с. Селокуќи, сопственост на А.М.(44) од Дебар.
При претресот во објектот биле затекнати албанските државјани А.Ц. (36), И.М.(29) и Ф.Ц.(33), кои биле без документи и без пријавен престој.
Ф.Ц. бил баран по потерница и од Основен кривичен суд Скопје му бил одреден притвор и ќе биде спроведен во истражен затвор. Исто така, било утврдено дека А.Ц.(36) лажно се претставил како Р.К. и исто така се барал со потерница за сторено кривично дело. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полицијата разби лихварска група: пет години изнудувала пари од граѓани на кои им требала позајмица – трпеле закани и кога ќе гo врателе долгот

Група од четворица кумановци и еден штипјанец со години се занимавала со лихварство, изнуда на парите што незаконски ги позајмувале и закани кон оштетените дури и кога ќе ги врателе парите.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.П.(34) од Куманово, М.К.(24) од Куманово, Д.Н.(34) од Штип, Д.Т.(27) од Куманово, С.М.(51) од Куманово и С.Ѓ. од Куманово, поради постоење на основи на сомнение дека првопријавениот ги сторил кривичните дела „злосторничко здружување“, „лихварство“, „изнуда“ и „незаконито влијание врз сведоци“, второпријавениот за кривичните дела „лихварство“ и „изнуда“ в.в чл.24, додека трето, четврто, петто и шестопријавениот за кривично дело „лихварство“ в.в „помагање“.
Главниот од групата, триесет и четиригодишниот кумановец создал и организирал група за да заработи пари искористувајќи ја тешката имотна и финансиска состојба на граѓани кои барале позајмица од него.
-Во периодот од 2018 до 2023 година, првопријавениот незаконски давал позајмици на оштетени лица, преку префрлање на одредена сума на парични средства на оштетените или останатите пријавени ги префрлале паричните средства по насоки на првопријавениот, а потоа со присилба и изнуда барале од оштетените веднаш да ги подигнат паричните средства и половина од вредноста да ги дадат на пријавените, за потоа со несразмерна камата да ја враќаат позајмицата.
Откако оштетените не можеле да го вратат долгот, пријавените со присилба и закани барале да склучат купопродажни договори на нотар со оштетените за разни движни и недвижни ствари, како гаранции за заемите. Дури и во случаи кога оштетените лица го вратиле долгот, првопријавениот и останатите продолжувале со заканите, барајќи оштетените да го враќаат долгот со несразмерна камата и присилно, преку склучени договори на нотар, им биле префрлани движни и недвижни ствари како подарок, соопшти полиција.
Црна хроника
Полицијата во Битола „улови“ пијан малолетник, го врати кај родителите и му поднесе пријава

Полициски службеници од СВР Битола ноќеска во периодот од полноќ до 4 часот изутрина, спроведоа акциска контрола на подрачјето на Битола за присуство на малолетни лица во угостителските објекти во Битола, соопшти МВР.
При контролата во угостителски објект лоциран на Градското шеталиште биле затекнати две малолетни лица после 24 часот, од кои едното било под дејство на алкохол. Малолетниците се предадени на родителите, а по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Топ
Пешак го загуби животот откако бил прегазен на улица во Нов Дојран

Пешак од Нов Дојран го загуби животот откако вчеравечер во него удрило патничко возило „шевролет“ на главната улица во Нов Дојран.
-Патничко возило „шевролет“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(26) од Гевгелија, вчера во 21:10 часот на улицата „Маршал Тито“ во Нов Дојран удрило во пешакот Д.Ѓ.(48) од Нов Дојран. Тој починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, соопшти МВР.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.