Црна хроника
Претрес во Струмичко, пронајдена дрога

Полициски службеници уапсиле 36-годишен жител на струмичкото село Василево, откако денеска за време на претресот во неговиот дом била пронајдена дрога.
„ Денеска во с.Василево, Струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слободаТ.М.(36) од с.Василево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја“, соопшти МВР.
Како што се додава, при претресот во неговиот дом биле затекнати и две женски лица од Радовиш, Г.О. и малолетничка, која живеела во домот со Т.М.. Со нив бил извршен разговор, а Т.М бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
174 казни за прекршоци што ги прават пешаците

Во текот на вчерашниот ден (31.1.2023), во периодот од 10 до 14 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање прекршоци што ги прават пешаците.
При контролата санкционирани се 174 пешаци, од кои 143 за небезбедно преминување улица надвор од пешачки премин.
На територијата на СВР Тетово – 40 санкции, на територијата на СВР Штип – 34 санкции, на територијата на СВР Битола – 28 санкции.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.
Црна хроника
Казнети 143 возачи во Скопје: 14 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (31.1.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
Црна хроника
Казни за 65 автобуси што вршат превоз на ученици, 21 упатени на вонреден технички преглед

Во текот на вчерашниот ден (31.1.2023), во периодот од 12 до 16 часот, на територијата на Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 65 сообраќајни прекршоци, при што три возила се исклучени од сообраќај поради истечена регистрација. Упатени на вонреден технички преглед се 21 возило.
МВР соопшти дека сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесат да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.