Црна хроника
Приведени седуммина Кубанци кај Меџитлија
Полициски службеници од Полициска станица Меџитлија вчера кај с. Кременица ги привеле Л.П.А(25), К.Д.Ј.Е(37), Л.Н.Џ.(34), А.К.Ј.(32), Т.Р.Ј.(32), Л.П.Џ.К(32) и С.П.А.(30), сите од Куба, при обид незаконски да ја преминат државната граница помеѓу Северна Македонија и Грција.
Истите биле предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен охриѓанец: бил агресивен и се заканувал на членови на семејството
Вчера во 09:50 часот на улица „Вангел Николоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода С.К.(53) од Охрид.
Полицијата постапила по претходна пријава дека во семејниот дом тој агресивно се однесувал и се заканувал на членови на семејството.
Според МВР, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Без таблички и со 2,21 промила: пијан возач удрил во паркиран автомобил во Ораовица
На 21 декември 2025 година, во ОВР Радовиш било пријавено дека околу 21:30 часот, во селото Ораовица, патничко возило „опел корса“ без регистарски ознаки, управувано од И.В. (46) од истото село, удрило во паркирано патничко возило „форд фокус“ со радовишки регистарски ознаки, сопственост на Ц.Л.
Во сообраќајната незгода, возачот И.В. се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Радовиш.
За настанот бил запознаен јавен обвинител, а при преземање мерки во врска со незгодата било констатирано дека возачот го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека имал 2,21 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Насилство зад затворени врати: закани, туркање и физички напад кај две скопски семејства
Два одделни случаи на семејно насилство биле пријавени во Скопје, информираат од полицијата.
На 21 декември 2025 година, 51-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Центар, нејзиниот сопруг З.А. (66) ѝ се заканувал со остар предмет, по што го турнал нивниот 22-годишен син и му упатувал закани.
Во вториот случај, денеска (22 декември 2025 година) во 09:50 часот, во Полициска станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со Б.К. (41) од Скопје. Се постапувало по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Драчево физички ја нападнал својата 37-годишна сопруга.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.
Фото: Depositphotos

