Топ
Приведени четворица за пукањето во Чаир, двајца од нив се затвореници од „Идризово“, кои излегле поради работа
Полицијата соопшти дека го расчисти случајот со пукањето на улицата Христијан Тодоровски- Карпош, во близина на Општина Чаир, каде што од огнено оружје во левата нога е повреден Е. А. (35) од Скопје.
„Утврдени се сите учесници во кривично-правниот настан, и тоа: Л. А. (32) и И. Т. (30), кои се лишени од слобода и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, како и А. Р. (29) и М. И. (32), осудени лица на издржување казна затвор во КПУ ‘Идризово’, а кои во текот на 14.10.2024 година во времето на извршувањето на кривичното дело користеле излез од затворот ‘Идризово’ по основ на работен ангажман“, соопшти МВР.
Од самото место подигнати се траги од биолошко потекло, применети се апликатори за барутен тест од утврдените учесници во кривично-правниот настан, обезбедени се видеозаписи од „Безбеден град“, а исто така утврдено е и возилото со кое едниот сторител доаѓа на самото место по што е подигнато за криминалистичко-техничка обработка.
По целосно документирање на настанот, во координација со OJO Скопје, од страна на ЕНК при СВР Скопје ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халуцинации и психолошка состојба се обидите на СДСМ резултатот од изборите да го прикажат како историски подвиг, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Во врска со прикажувањето на резултатите од првот круг на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ утрово прашува со што денес Социјалдемократскиот сојуз ќе го спореди својот изборен неуспех.
„Денес е нов ден за Македонија, ден кога јавноста е во очекување – со што ќе го споредат од СДС својот изборен успех. Можеби со 1993 година во Македонија, или со некоја африканска земја и нивните искуства,“ се наведува во соопштението.
Од партијата порачаа дека социјалдемократите треба да се освестат, сконцентрираат и приберат, додавајќи дека нивните обиди да прикажат историски подвизи се плод на халуцинации и специфична психолошка состојба.
Свет
Специјалниот претставник на Кремљ: Русија, САД и Украина се блиску до дипломатско решение
Специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка, Кирил Дмитриев, изјави во Вашингтон дека Русија, САД и Украина се прилично блиску до дипломатско решение за завршување на војната.
Во интервју за Си-Ен-Ен тој рече дека планираниот самит меѓу Доналд Трамп и Путин не е откажан, туку само одложен. Дмитриев ја пофали одлуката на украинскиот претседател Володимир Зеленски, нарекувајќи ја голем потег, бидејќи, според него, Зеленски сега прифаќа дека преговорите треба да се водат врз основа на постојните линии на фронтот.
„Претходно неговиот став беше дека Русија мора целосно да се повлече. Сега верувам дека сме многу блиску до дипломатско решение,“ изјави Дмитриев.
Свет
Шефот на НАТО: Путин ја губи војната, сега е време за притисок
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е пред крај со ресурсите за да ја продолжи војната против Украина и дека е време да се зголеми притисокот врз Русија за да се постигне праведен мир. Тој ја даде изјавата на прес-конференција по состанокот на Коалицијата на волјата во Лондон.
Руте верува дека ситуацијата на контактната линија јасно ја покажува неефикасноста на руската стратегија и огромната цена што Москва ја плаќа за незначителен напредок на терен.
„Во Украина, Путин добива многу малку нова територија на бојното поле, а каде што има маргинални добивки, тие доаѓаат со огромна цена. Стотици илјади Руси умираат поради лудата агресија на Путин. Украина продолжува храбро да се брани, нашата поддршка им помага. Вистината е дека на Путин му снемуваат пари, војници и идеи“, рече Руте.
Тој нагласи дека токму сега е моментот да се зголеми притисокот врз Русија. Во овој контекст, ги поздрави неодамнешните најави од европските сојузници и Канада за обезбедување дополнителна воена помош за Украина, како и одобрувањето на 19-тиот пакет санкции.
„Развојот на настаните на бојното поле покажува дека нашата поддршка за Украина функционира и ние мора да ја продолжиме. Мора да ја поврземе оваа поддршка со санкции и економски притисок врз Русија“, нагласи тој.
Генералниот секретар на НАТО изрази оптимизам за западното единство, наведувајќи ги „добрите дискусии“ оваа недела во Вашингтон, Брисел и Лондон, за кои верува дека укажуваат на движење во вистинската насока за завршување на војната.

