Црна хроника
Приведен велешанец кој физички ја нападнал сопругата

43-годишен велешанец е приведен поради сомнение дека физички и со остар предмет ја нападнал неговата сопруга.
Според информации од МВР, вчера, во 16.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го привеле лицето З. А. (43) од Велес поради постоење основи на сомнение дека околу 14.15 часот физички ја нападнал неговата сопруга и со остар предмет упатил закани кон членови на неговото семејство.
По целосно расчистување на случајот, ќе следува соодветен поднесок, велат надлежните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
(Фото) Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, уапсени три лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите законски овластувања, постапувајќи по наредба на јавен обвинител на 30.06.2025 во 18.30 часот на ул. „Климент Охридски“ во Струмица ги лишија од слобода Е.Б.(32) од село Попчево, струмичко и А.С.(39) и А.С.(24) од скопско.
При преглед на патничко возило „голф“ со фалсификувани регистарски ознаки, управувано од Е.Б., биле пронајдени шест торби со 100 пакувања марихуана, со вкупна тежина од околу 100 килограми.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот, во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава и ќе бидат изведени пред судија од Основен суд Струмица, соопштија надлежните.
Црна хроника
Тројца повредени, меѓу нив и малолетник: „митцубиши“ управувано од 18-годишник излета од патот во Демир Капија

Синоќа во 22.50 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на обиколницата во Демир Капија, патничко возило „митсубиши“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(18) од Демир Капија, излетало од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Д.П.(19) и малолетник, двајцата од Демир Капија, констатирани во Општа болница Кавадарци.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Неготино.
Црна хроника
Три автобуси и комбе опожарени во близина на бензинска пумпа во Кочанско

Денеска (01.07.2025) во 02.30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во нас.Оризари, кочанско се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма.
Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Штип. Повредени лица нема.
Полицијата соопшти дека во текот на денот ќе биде извршен увид од увидна екипа од ОВР Кочани.