Црна хроника
Кривична пријава за инспектор кој, поради несовесно работење, го оштетил буџетот на МВР
Поради сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата, одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против лицето А. Р., самостоен инспектор при регионалниот центар за гранични работи „Југ“.
Пријавениот, од 23.2 до 7.8.2020, како самостоен советник за финансиски работи во истата организациска единица, фактурите што ги примил од една фирма не ги приложувал веднаш на евиденција и уредна заверка со приемен штембил, туку ги задржувал кај себе и ги доставувал по истекот на предвидениот рок за плаќање.
Поради несовесното и ненавремено извршување на работните обврски на пријавениот, фирмата изготвила каматна листа за задоцнето плаќање, со што бил оштетен буџетот на Министерството за внатрешни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.