Црна хроника
Приведен малолетник од Скопје, бил затекнат додека извршувал разбојништво

Синоќа, во 19.50 часот, на улицата Димитрија Чуповски во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје.
Тој бил затекнат при извршување разбојништво во продажен објект.
Одземениот промет веднаш бил вратен во касата, а од него бил одземен ножот со кој го извршил делото.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Прегазен малолетник во Ѓорче Петров, возачот побегнал

Непознато лице со автомобил прегазило малолетник и побегнало од местото.
Според информациите, несреќата се случила синоќа на ул.„Лука Геров” во Скопје. Малолетникот се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Бегајќи од полиција, излетал од патот со полн автомобил мигранти: приведени двајца тетовци

Синоќа на регионалниот пат Удово – Демир Капија, кај место викано „Раскрсница Удово“, полицијата привела две лица кои со автомобил превезувале десет лица мигранти од Сирија.
Според информациите се работи за М.С.(22) од с.Желино, тетовско и А.Џ.(20) од Тетово. А.Џ. се сомничи дека со патничко возило „мерцедес“ со словачки национални ознаки, превезувал 10 лица мигранти од Сирија, а М.С. со патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки бил претходница на возилото на А.Џ..
Имено, околу 16.20 часот на автопатот А1, кај клучка Смоквица, полициски службеници дале знак за запирање на возилото „мерцедес“ со словачки национални ознаки, но возачот не застанал и продолжил со движење. Набргу, кај место викано „Раскрсница Миравци“ возачот изгубил контрола, излетал од коловозот, по што побегнал. Притоа, во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија, кои биле смeстени во Прифатно – транзитен центар Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка.
По преземени мерки, во 19.20 часот кај Удово, лицата биле пронајдени и лишени од слобода, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
МВР со детали за експлозијата во Чаир: Го разнеле банкоматот, но не ги зеле парите

Четири лица се обиделе со експлозив да ограбат банкомат во Бутел. Настанот се случил утринава околу три часот. Тие ја активирале експлозивната направа, но не успеале да го пробијат банкоматот. Детонацијата била силна, што ги вознемирила жителите во околните објекти.
Четворицата, кои го направиле обидот, не успеале да го отворат банкоматот, а со експлозијата оштетиле три возила, кои биле паркирани во непосредна близина. Повредени лица нема.
„Во тек е увид од полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за „Макфакс“.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.