Црна хроника
Привремено му е одземен пасошот на српскиот пејач Ѓорѓе Давид, кој смртно прегази жена кај Табановце
На српскиот пејач Ѓорџе Николиќ, познат како Ѓорѓе Давид, привремено му е одземен пасошот поради сообраќајната несреќа, во која тој беше директен учесник, а во која загина 49-годишна кумановка.
„По предлог на Основното јавно обвинителство Куманово, на странскиот државјанин, кој учествуваше во тешката сообраќајна несреќа кај Табановце, му се определени мерки на претпазливост – привремено одземање патна и друга исправа (лична карта и возачка дозвола) за преминување на државната граница и обврска да се јавува во судот“, информираат од Обвинителството.
Несреќата се случила завчера, 20 јануари, околу 20 часот, најверојатно поради густа магла, а во несреќата учествувале три автомобили.
Тој за српскиот печат изјави дека глетката била страшна, дека полицијата му направила алкотест, кој покажал дека нема алкохол во крвта, а дека во болница му ја зашиле повредената рака.
Давид за медиумите изјавил дека веднаш се видело оти тој нема вина за несреќата, туку дека наводно виновна е жената што возела и која во автомобилот била со мајка си и која излегла од возилото. Тој ќе остане во Македонија до завршувањето на законските постапки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

