Црна хроника
Притвор за жител на Брвеница во чиј дом била пронајдена дрога и муниција
Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.
Во домот на осомничениот 47-годишник во Брвеница на 2 март полицијата пронашла наркотична дрога марихуана со вкупна нето-маса од 778 грама. Дрогата била скриена на разни локации во домот. Освен ова, полициските службеници пронашле и 29 куршуми во различен калибар.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Охриѓанец претепал 34-годишна жена и нејзиниот малолетен син
Синоќа во Охрид во 17:37 часот, на улица „7 Ноември“ Ф.И(38) физички ја нападнал Н.Н.(34) и нејзиниот малолетен син, сите од Охрид.
Полицијата информира дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Починат охриѓанец пронајден во помошна просторија од куќа
Вчера во 13:51 часот во СВР Охрид е пријавено дека во помошна просторија од куќа на улица „Јане Сандански“ во Охрид бил пронајден починат И.А.(75) од Охрид.
Смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид а увид на местото извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, телото е предадено на обдукција, соопшти полицијата.
Црна хроника
Приведен неготинец во Струга: осуден бил на четири ипол години казна затвор за „криумчарење мигранти“
Вчера во 13:35 часот на улицата „Маркс Енгелс“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа С.Д.(33) од Неготино.
Приведувањето е извршено врз основа на судска наредба од Основен суд Неготино за доиздржување на затворска казна во траење од четири години и шест месеци за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за доиздржување на казната.

