Контакт

Црна хроника

Притвор за лицето што нападна полицаец во Слупчане

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 32-годишен жител на сeло Слупчане, Липково, поради основано сомнение дека извршил кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Како што наведе МВР, осомничениот на 29.9.2019 година со употреба на опасно орудие нападнал полицаец и го повредил. Полицаецот бил во состав на мото-патрола, упатена да го пронајде и приведе осомничениот во полициска станица. Во моментот кога службените лица го пронашле и презеле дејства за приведување, осомничениот го нападнал полицискиот службеник со метална шипка и му нанел повреда во пределот на стомакот.

Во насока на обезбедување услови за непречено одвивање на кривичната постапка надлежниот обвинител достави предлог до Основниот суд Куманово за определување мерка притвор за осомничениот. Судот по спроведена постапка донесе решение, со кое на осомничениот му е определен притвор во траење од 8 дена.

Црна хроника

Двајца повредени во судир на мотор и автомобил

Објавено пред

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа, што вчера се случила на регионалниот пат Струмица – с. Баница помеѓу мотоцикл, управуван од Д. А. (28) од Струмица, и автомобил „ситроен Ц4“, управуван од А. К. (75) од Струмица.

Во незгодата тешки телесни повреди добил мотоциклистот и бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица за укажување лекарска помош, а телесни повреди добила сопатничката на мотоциклот С. Ф. (35) од с. Вељуса.

Екипа од СВР Струмица извршила увид на местото на незгодата.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Мотоцикл удри во малолетен пешак на „Џон Кенеди“

Објавено пред

Дваесетгодишен мотоциклист, вчера, на улицата Џон Кенеди, во близина на крстосницата со улицата Дижонска во Скопје, удрил во малолетен пешак од село Палиград.

Во незгодата пешакот добил тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Работел со моторна пила и се исекол на лицето

Објавено пред

Педесет и едногодишен кичевец вчера се повредил додека работел со моторна пила во објект на улицата Јане Сандански во Кичево.

Според информациите од МВР, повредениот си нанел сериозни повреди на лицето по што бил пренесен на комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Плевнелиев: Македонија заслужува членство во ЕУ, Макрон греши

Го поддржувам пристапот на Македонија и на Албанија во Европската Унија, изјави поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, за БГНЕС....

Свет59 минути

(Видео) Шест години затвор за мајка што лажела дека синот има карцином – за 10 години му направиле 13 операции

Мајка лажно тврдела дека нејзиниот син има карцином, па десетгодишното дете било подложено на 13 операции иако воопшто не било...

Топ2 часа

Планинар падна од карпа, со хеликоптер пренесен во болница

Дваесет и шестгодишен планинар од Битола е тешко повреден кога вчера, качувајќи се по патека кон врвот на Илинден, се...

Топ2 часа

Истрага за случајот во Богданци: се опијаниле, па со стол сакал да го убие соседот

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 60-годишен жител на Богданци поради постоење основано сомневање дека...

Македонија2 часа

Катица Јанева се враќа во притворот во Шуто Оризари

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, денеска од болница ќе биде вратена во истражниот затвор во Шуто Оризари. Јанева, која е...

Македонија4 часа

Владата денешната седница ќе ја одржи во Битола

Владата својата редовна 159-та седница денеска ќе ја одржи во Битола, во зградата на Општина Битола. Со оваа прва седница...

Европа4 часа

Право и правда победи на изборите во Полска

Владејачката полска конзервативна партија Право и правда освои најголем број гласови на парламентарните избори и обезбеди мнозинство во парлментот, покажаа...

Европа4 часа

Орбан ја загуби Будимпешта, Карашони нов градоначалник

Унгарската опозиција победи на локалните избори во главниот град Будимпешта, нанесувајќи му го првиот пораз на премиерот Виктор Орбан од...

Спорт14 часа

Македонија не издржа во Варшава, Полска се пласираше на ЕУРО 2020 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва загуби во Варшава од Полска 2-0 (0-0) во рамките на осмото квалификациско коло за пласман на...

Македонија19 часа

Димитров патува за Брисел во пресрет на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров од 14 до 17 октомври ќе престојува во работна посета на Брисел кога се...

Топ21 час

Во тешката сообраќајна несреќа кај Струмица загина 19-годишна девојка, возачот е во болница

Деветнаесетгодишна девојка од Струмица, со иницијали С.Т. го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 4...

Регион21 час

„Дали сум оптимист? Не“, одговори Рама за почетокот на преговорите со ЕУ

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека не е оптимист за почеток на преговорите со Европската Унија. „Дали сум оптимист?...

Култура22 часа

(Видео) „Визија Скопје“ понуди поглед на плоштадот без фонтаната со воин на коњ

На плоштадот Македонија во Скопје викендов граѓаните имаа уникатна можност преку слики нацртани на тенка проѕирна пластика место на платно,...

Македонија1 ден

Шекеринска: „Бомбава“ само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив

„Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти“. Вака министерката за одбрана го коментира прислушуваниот разговор што беше...

Македонија1 ден

„Ел Чека“ објави нова бомба – Шекеринска и Бесими за гласањето на ДИК за локалните избори

На социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави прислушуван разговор од локалните избори во 2013 година. Објавувачот на материјалот, Ел Чека, објаснува...

Европа1 ден

Протести на Курдите ширум Европа, во Грција запален постер со ликот на Ердоган

Десетици илјади Курди вчера демонстрираа низ цела Европа против турската воена офанзива во северна Сирија, а протести се одржаа во...

Македонија1 ден

Пожар во куќа кај Дом на градежници

Утрово избувна пожар во куќа, во близина на Домот на градежници во Скопје. На терен се испратени противпожарни возила, кои...

Свет1 ден

Разорен тајфун ја погоди Јапонија, најмалку 18 жртви

Најмалку 18 лица загинаа, а 13 се водат за исчезнати во тајфунот Хагибис што ја погоди Јапонија. Налетите на ветрот...

Македонија2 дена

Заев: Мицкоски мисли дека со продажба на уделот ќе ги сокрие трагите во хидроцентралите

Мицкоски мисли дека ако го продаде уделот во хидроцентралите, дека ќе ги затскрие трагите, истакна претседателот на СДСМ и премиер,...

Македонија2 дена

Се демонтира угостителскиот објект од покривот на ГТЦ

Согласно одлуката на Градоначалникот Петре Шилегов, денеска почна демонтажата на угостителскиот објект на кровот на ГТЦ. Со овие активности, велат...

Досие