Црна хроника
Причина за несреќата во Кавадарци: Автомобил се обидел да престигне трактор
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од ОВР Кавадарци изврши увид на самото место каде вчера околу 17.00 часот се случи сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице.
„ На регионалниот пат Кавадарци, кај градските гробишта, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор Урсус со приколка, управуван од 24 – годишен жител од Кавадарци, патничко возило Голф, управувано од жител на село Дабниште, кавадаречко на возраст од 51 година и патничко возило Опел вектра, управувано од 46-годишен кавадарчанец. Според првичните сознанија, до незгодата дошло при обид на возачот на Голфот да го престигне тракторот со приколка.
На местото на незгодата од тешките повреди починало едно лице (54) – сопатник во патничкото возило Голф. Четири лица со телесни повреди се пренесени во здравствени установи за натамошно укажување лекарска помош и лекување“.
Во насока на расчистување на причините за сообраќајната несреќа, јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување и прибирање на траги од самото место, како и за сообраќајно – техничко вештачење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен кавадарчанец по распишана централна потерница
Денеска, во 1.10 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 36-годишниот Д. А. од Кавадарци, извести МВР.
„Тој бил баран по централна потерница издадена врз основа на судска наредба за издржување затворска казна во времетраење од две години“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Гевгелија“ за издржување на казната.
Црна хроника
Дете нападнато од три лица во Скопје кои му барале пари
Малолетник синоќа бил нападнат од три лица, кои претходно му побарале пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Мигранти од Непал фатени во обид илегално да ја преминат границата со Грција
Синоќа, во 22.50 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи „Југ“, затекнале 11 лица државјани на Непал при обид за илегално преминување на државната граница од Република Северна Македонија во Република Грција.
Лицата се приведени во Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица, известен е дежурен судија од Основниот суд во Гевгелија.
По негови насоки, ним им се дадени решенија за напуштање на територијата на државата.