Црна хроника
Стружанец почина за време на пожар во својот дом

Шеесет и седумгодишен стружанец почина за време на пожар во својот дом.
„А. К. (67) од Струга е пронајден починат во својот дом. При увидот, извршен од јавен обвинител и полициски екипи, било констатирано дека во собата во која бил пронајден А. К. претходно настанал пожар, кој не се проширил во другите простории и сам се изгаснал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција“, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пешак загина во Ѓорче Петров по удар од автомобил

Возач со автомобил марка „Ауди“ прегази пешак кај Општината Ѓорче Петров, дознава „Макфакс“.
На оваа локација има раскрсница како и пешачки премини. Според првичните информации, пешакот починал на лице место. Нема детали околу неговата возраст, ниту како се случила несреќата.
На терен се излезени и екипи на полицијата. Присутна е Брза помош, со обид да го реанимира пешакот, но неуспешно. Првичните информации говорат дека е известен и јавен обвинител.
Црна хроника
Пронајдено телото на 27-годишниот работник кој падна во канал за наводнување

Синоќа во близина на кочанското село Бање, во канал за наводнување бил пронајден починат 27-годишниот работник од Кавадарци, по кого се трагаше. На 23 мај во 17 часот и 10 минути беше пријавено дека најверојатно паднал во каналот додека извршувал работни задачи на објект во кочанското село Тркање.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани, а по наредба на Јавен oбвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
Црна хроника
Малолетник со мотор удрил полицаец, тешко повредени двајцата

Малолетник од Штип со мотор удрил полицаец, додека вршел службена дејност на улицата Маршал Тито во Штип.
Според информациите, несреќата се случила вчера, а двајцата со тешки повреди биле пренесени во Клиничката болница Штип.
Увид на местото извршила екипа на СВР Штип.