Црна хроника
Студент од Турција нападнал студентка од Скопје во Штип
Студент од Турција договорил средба со студентка од Скопје на плоштадот во Штип, каде двајцата студирале, по што ја однесол во станот каде престојувал и ја нападнал.
Имено, како што соопшти полицијата, во средата, околу 23 часот во Штип, на Градскиот плоштад, по претходно договорена средба помеѓу А.А.(23) од Р.Турција, студент со привремен престој во Штип, и неговата 20-годишна девојка од Скопје, студент со привремен престој во Штип, заедно заминале во неговиот дом.
Кога влегле дома, тој веднаш ја заклучил вратата од собата, го сокрил клучот и почнал да ја навредува упатувајќи разни заканувачки зборови. Исто така, ја удирал со раце во пределот на лицето и телото. Во еден момент таа успеала да и напише СМС порака на нејзината другарка каде се наоѓа, а другарката повикала полиција. Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што оштетената е затекната во собата на А.А., каде противправно ја држел и малтретирал околу половина час.
Девојката е пренесена во Болница Штип, каде и се констатирани телесни повреди и е пуштена на домашно лекување. А.А. е лишен од слобода и задржан во ПС Штип за понатамошна постапка./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Татко се самозадоволувал и прикажувал порнографски содржини пред својот малолетен син
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжени кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 и Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 54-годишник, подолг временски период, во текот на 2025 и 2026 година, во семејната викенд куќа во селото Облаково прикажувал порнографски содржини и се самозадоволувал пред неговиот 10-годишен син, при што го наведувал и детето да гледа и да се самозадоволува.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист по удар со возило
Во СВР Скопје вчера околу 15:45 часот било пријавено дека на ул.„Скупи“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(55) од Тетово и мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.А.(30) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, соопшти МВР.
Црна хроника
Нападнат маж додека возел низ Бутел
Жител на Скопје пријавил дека бил физички нападнат на подрачјето на Бутел.
Според информациите од СВР Скопје, настанот бил пријавен на 14 април 2026 година во 16:25 часот од страна на М.Б.(46).
Тој пријавил дека додека се движел со своето возило, друго возило му го попречило патот, по што од него излегле две лица и го нападнале.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
