Црна хроника
Тетовец ги истепал сопругата и ќерката, па завршил во полиција
Триесет и петгодишна жена од Тетово пријавила во полиција дека нејзиниот сопруг вчера физички ја нападнал неа и нивната ќерка и оштетил дел од покуќнината.
Тој бил приведен во полициски станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Царинската управа: Запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети, кривична пријава за едно лице
Во акција на мобилен царински тим, запленети се 40.872 парчиња пиротехнички средства – петарди и огномети, ризични по здравјето на граѓаните. Поведена е кривична постапка против сторителот, македонски државјанин од Гостивар, при што поднесена е кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и со експлозивни материи, казниво по Кривичниот законик, соопштија од Царинската управа.
Делото, како што појаснуваат било откриено на граничен премин Блаце, при преглед на возило со швајцарски регистарски таблички. При претресот, царинските инспектори од мобилниот тим, забележале дека задните седишта се спуштени напред, при што целиот тој простор и багажникот од автомобилот биле исполнети со пиротехнички средства. Во текот на истрагата е утврдено дека сторителот ги набавил нелегалните распрскувачки материи од Приштина и истите сакал противзаконски да ги внесе во Македонија.
„Нагласуваме дека употребата на нелегални пиротехнички средства претставуваат сериозна закана по безбедноста и здравјето на граѓаните, особено најмладите. Царинската управа и понатаму ќе продолжи со засилени контроли и координирани активности со надлежните институции со цел спречување на нелегалната трговија и заштита на јавната безбедност“.
Црна хроника
Возел со 1,75 промили алкохол во крвта: уапсен 46-годишен маж од Кичево
Утрово во 04:00 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.Н.(46) од Кичево.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,75 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот , против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информираат од МВР.
Црна хроника
Охриѓанец го претепал својот 18-годишен син
Ноќеска во 20:10 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода го лишија С.Д.(43) од Охрид.
Тој физички го нападнал неговиот 18-годишен син.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

