Црна хроника
Тетовец нападнат од непознати лица, повреден е во главата и ногата
Тетовец бил нападнат од непознати лица, кои му нанеле удар во главата со тап предмет и рана во ногата од остар предмет.
Во полицијата во Тетово дежурен лекар во хируршкото одделение при Клиничка болница Тетово пријавил дека кај нив дошло лице кое побарало помош поради здобиени повреди од ладно оружје.
Кога полициските службеници пристигнале во болницата лицето веќе било заминато. Од извршениот разговор со лекарот било констатирано дека се работи за Ж.М. (28) од Тетово, кој имал повреди во пределот на главата, која што му била нанесена од тврд метален предмет и повреда во пределот на десното стапало нанесена од остар предмет.
Полициски службеници извршиле телефонски разговор со Ж.М., кој изјавил дека во 18.40 часот на ул. „121“, без повод и причина физички бил нападнат од страна на неколку непознати лица.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Полицаец барал поткуп за да реши тепачка на „мирен начин“ во Струмица
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава по брза постапка против К.Ш., на работно место полицаец во ПС ОН Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена должност и овластување“ по член 353 од КЗ и од страна на судија за претходна постапка му се одредени мерки на претпазливост.
Според полицијата, пријавениот К.Ш. на 11.04.2026 околу 09:00 часот, при вршење на службени дејствија, по претходно примена пријава за нарушен јавен ред и мир со физички напад која му била задолжена за работа, ја искористил својата службена положба и овластувања така што посредувал помеѓу страните за наводно „мирно решавање’’ на настанот, при што неовластено побарал исплата на пари.
Учесниците во нарушувањето на јавниот ред и мир со посредство на К.Ш. договориле пријавителот на оштетениот да му исплати сума од 1000 евра за да се откаже од пријавата, по што К.Ш. своеволно ја зголемил сумата за уште 200 евра на име наводни трошоци за постапката.
Од вкупниот износ од 1200 евра, К.Ш. на оштетениот му исплатил само 700 евра, додека остатокот од 500 евра го задржал за себе, со што се стекнал со противправна имотна корист од 500 евра.
ОВККИПС против К.Ш. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
Црна хроника
Паднало од електричен тротинет: тешко повредено 12-годишно девојче од Богданци
Синоќа во 19:30 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Итна медицинска помош Гевгелија за укажување на лекарска помош била донесена 12- годишна малолетничка од Богданци.
Таа се здобила со тешки телесни повреди при пад од електричен тротинет на ул. „Васо Марков“ во Богданци.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.
Црна хроника
19-годишник го претепал внукот од сестра
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Л.(19) од Штип.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете“.
Имено на 10.03.2026 во неговиот дом, пријавениот физички го нападнал неговиот внук од сестра.
