Црна хроника
Тетовец правел скара и предизвикал пожар во Лисец

Тетовец запалил оган за скара и предизвикал пожар, кој зафатил сува трева во село Лисец, Тетовско.
Според информациите на МВР, вчера во 13.15 часот, кај место наречено Голгота во село Лисец, Тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка го привеле Ф. Н. (44) од Тетово.
Околу 12 часот, на наведеното место, тој запалил оган за скара, кој се проширил, зафаќајќи површина на сува трева. По целосно документирање на случајот, велат од МВР, против него ќе биде поднесна соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гостин нападнал сопственик на кафуле оти му рекле дека нема место поради ковид-мерките

Дваесет и двегодишен тетовец доби кривична пријава бидејќи истепал сопственик на угостителски објект во градот.
Како што информираат од полицијата, настанот се случил пред да стапи на сила забраната за гости во локалите.
„Пријавениот дошол во објектот и побарал да биде послужен со пијалак, но откако бил одбиен со образложение дека сите маси се зафатени поради почитување на протоколите за работа и спроведување на мерките за заштита од ширењето на Ковид-19, тој го нападнал сопственикот“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Приведено лице од Тетовско за издржување затворска казна

Денеска, околу 12 часот, во тетовско Копанце, полициски службеници на СВР Тетово го привеле лицето Б. З. (33) од ова село, осуден на четиригодишна затворска казна за сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи, казниво според Кривичниот законик.
По приведувањето, реализирано со судска наредба, лицето Б. З. денеска ќе биде спроведено во затворот „Идризово“ во Скопје за издржување на казната, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Црна хроника
Притвор за велешанец кој во патика криел кокаин

Основното јавно обвинителство во Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Велес на возраст од 31 година кај кого бил најден кокаин што го криел во патика.
„Осомничениот, на 13 април, неовластено, заради продажба, држел наркотична дрога кокаин во количина од 7,45 грама спакувана во едно полиетиленско пакување. Дрогата ја купил во Скопје од засега непознато лице, па со автомобил се упатил кон Велес. Пакетчето со дрога го држел скриено во левата патика, но му било пронајдено и одземено од полициски службеници на наплатната станица кај Сопот“, соопшти Обвинителството.
Имајќи предвид дека постои опасност од повторување на кривичното дело и опасност од бегство, со оглед на тоа што осомничениот подолг период престојува во Република Германија и имал намера повторно да замине таму, јавниот обвинител до судот достави предлог за определување притвор. Предлогот беше прифатен од страна на судијата на претходна постапка на Основниот суд Велес и определен е притвор во траење од 30 дена.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш