Daily news
Тешка кражба во стан во Битола – украдени накит, лаптоп и 45.000 денари
Непознат сторител вчера, во периодот помеѓу 16.30 и 19.15 часот, извршил тешка кражба во стан на улицата Смилевски конгрес во Битола.
Кражбата ја пријавил 32-годишниот Н.Ј, сопственик на станот.
Сторителот влегол во станот со употреба на сила и од лимена кутија во спалната соба одзел поголема количина златен накит и лаптоп, а од дневната соба одзел 45.000 денари. Увидот на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
