Црна хроника
Триесет и шест возачи казнети поради пребрзо возење

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно осум сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, три со лесни телесни повреди и три со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а пет лица со лесни телесни повреди.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 36 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 24 возачи од кои: шест возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило, двајца возачи затоа што биле возачи почетници и тројца поради други сообраќајни прекршоци.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 10 возила: девет биле нерегистрирани, а едно возило поради техничка неисправност. Во текот на изминатите денови издадени се 125 мандатни платни налози, додека 46 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична за кратовчанка: нејзиното куче каснало дете на улица

Полицијата во Кратово поднесе кривична пријава против С.Ј.(49) од селото Крилатица, кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
„Пријавената, на 09.11.2023 во с.Крилатица, го пуштила своето куче без надзор и без маска надвор од својата куќа, при што каснало малолетник од селото“, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Затвореник од „Шутка“ итно префрлен на клиника каде што починал

Гостиварец кој бил во затворот Скопје во Шуто Оризари почина на комплексот клини Мајка Тереза.
„На 04.12.2023 во 07.43 часот во СВР Скопје била пријавено дека во 06.30 часот од Казнено-поправната установа Затвор Скопје во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со здравствени проблеми бил донесен Л.Ф.(1962) од Гостивар. Во 07.55 часот лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Жена нападната од нејзиниот сосед во Аеродром

Жена пријавила дека била нападната од нејзин сосед во скопската населба Аеродром.
„Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Аеродром, Н.Р.(42) од Скопје пријавила дека околу 07.30 часот на подрачје на Аеродром била физички нападната од нејзиниот сосед Д.С.(53) од Скопје, кој се обидел да ја нападне и со остар предмет“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.