Црна хроника
Царината заплени автомобил, пиротехнички и распрскувачки материјали, цигари, лекови и фалсификати
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока. Во три случаи запленети се еден автомобил и комплет регистарски таблички, а до македонски државјани е поднесена прекршочна постапка до надлежен суд заради прекршување на царинската регулатива и одбегнување на плаќање увозни давачки коишто се плаќаат при увоз на возило. Воедно запленети се пиротехнични и распрскувачки материјали, цигари и тутун за пушење, лекови, гасни пиштоли, опрема за мотоцикли, употребувани гуми, девизи, облека, парфеми, фалсификати и друга стока.
Во три случаи запленети се еден автомобил и комплет регистарски таблички, а до македонски државјани е поднесена прекршочна постапка до надлежен суд заради прекршување на царинската регулатива и одбегнување на плаќање увозни давачки коишто се плаќаат при увоз на возило.
Првиот случај е откриен од страна на мобилни царински тимови на регионалниот пат Росоман – Прилеп при контрола на патничко возило марка Volvo S40 со унгарски регистарски таблички управуван од македонски државјанин. При контролата е утврдено дека лицето не поседувало ниту сообраќајна дозвола ниту царински документи за возилото. Возилото е запленето, а против лицето е поведена прекршочна постапка до надлежен суд заради прекршување на царинската регулатива и одбегнување на плаќање увозни давачки коишто се плаќаат при увоз на возило.
Другите два случаи се откриени на излез на граничниот премин Делчево при контрола на автомобили со македонски регистарски таблички управувани од македонски државјанини. При контролите се откриени комплет таблички и сообраќајни дозволи. Во двата случаи, возилата биле пуштени во слободен промет без претходно да бидат спроведени пропишани царински постапки и без да бидат платени увозни давачки, поради што против двете лица се поведени прекршочни постапки.
Царинските службеници на граничен премин Јажинце спречија обид за криумчарење на 3.312 пиротехнични и распрскувачки материјали. Истите се пронајдени при контрола на автомобил, управуван од македонски државјанин, кој се обидел производите да ги внесе во државата во багажниот простор од возилото. Производите се запленети, а против лицето ќе се поднесена кривична пријава до надлежно Јавно Обвинителство заради сторено кривично дело недозволено изработување, држење и трговија со оружје и распрскувачки материјали.
На излез од државата на граничниот премин Ќафасан при контрола на автомобил се запленети 60 гасни пиштоли, 3.200 зрна дијаболи, како и 8 рамки за гасни пиштоли. Против возачот, македонски државјанин, ќе биде поведена соодветна постапка.
Од страна на мобилните царински тимови, при контрола на камион натоварен со употребувани гуми од Швајцарија наменети за фирма од Скопје и пријавени за увозно царинење запленети се 90 употребувани гуми, кои не биле опфатени со царинските документи. Против увозникот е поведена прекршочна постапка.
Запленети се 61 парчиња делови и опрема за мотоцикли, што се откриени од царински службеници при контрола на автомобил на влез во државата на граничниот премин Табановце. Против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка.
Царински службеници на излез од државата на Меѓународниот аеродром Скопје при контрола на чекираниот багаж на германски државјанин открија 538 парфеми Непријавените парфеми се запленети, а против патникот е поведена прекршочна постапка.
Запленети се 22 штеки цигари, и 2900 грама тутун за пушење, по извршена контрола на патник на излез од државата на Меѓународен Аеродром Скопје. Делото е откриено при контрола на патник со македонско и бугарско државјанство, а истиот поседувал и британски документи.
103 парчиња облека се откриени при контрола на автомобил кој бил пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи биле пронајдени во кеси сместени во багажникот и пред задното седиште. Истите се привремено задржани а против возачот е поведена прекршочна постапка.
32 парчиња облека, 10 пара обувки, алати и 20 литри вино, се откриени при контрола на камион кој бил пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи се пронајдени на горниот кревет во кабината на камионот. Истите се запленети, а и истите се привремено задржани. Против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
Во два одделни случаи откриени се и девизни прекршоци. Првиот случај е откриен на излез од државата на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на турски државјанин кој патувал за Истанбул. Во чантата на лицето се откриени 17.100 американски долари за кои немало потврда за внесување на ефективни парични средства издадена од царинските органи при влез во државата. Согласно закон на лицето му се вратени девизни средства во противвредност на 10.000 евра, износ што нерезиденти можат слободно да го изнесат од државата, а останатите се привремено задржани.
Вториот случај е откриен од страна на мобилните царински тимови на граничниот премин Богородица на излез од државата. При личен претрес на патник, македонски државјанин, во џебот од јакната биле пронајдени 6.700 евра, за коишто не поседувал документ за потекло. Согласно Законот за девизно работење, вратени му се 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а останатите се привремено задржани. За сторениот девизен прекршок во двата случаи ќе биде поведена прекршочна постапка.
При контрола на стока со потекло од Грција, а наменета за увозник од Гевгелија пријавена за увозно царинење во царинска испостава Гевгелија, откриени се две илјади килограми (80 вреќи по 25 килограми) полипропилен гранулат, што не биле опфатени со царинските документи. Непријавената стока е запленета, а против увозникот ќе биде поведена прекршочна постапка.
При контрола на автомобил пријавен за влез во државата на граничниот премин Делчево, откриени се 27 кутии лекови со вкупно 104 таблети (Arimeidex од 1mg и Clomiphen Citrate /anfarm od 50mg), и 230 ампули (Test-Enanthate 250mg/ml, Masteron Е 200mg/ml, Masteron 100ml/mg, Test-mix 250ml/mg). Лековите се запленети, а против патникот ќе биде поведена соодветна прекршочна постапка, соопштија надлежните.
Мобилните царински тимови при контрола на стока со потекло од Кина која била наменета за увозник од Скопје и пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 3, запленија 1.235 играчки и детски возила со ознаки на заштитени трговски марки. Производите, како што соопшти царинската управа, се привремено задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост и истовремено е поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Петнаесет возачи се лишени од слобода во еден ден поради возење без возачка дозвола
Петнаесет возачи се лишени од слобода вчера поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под дејство на алкохол, а од нив двајца малолетници.
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода четири лица во Гостивар, двајца во Тетово и по еден во Велес, Кичево и Битола затоа што управувале возило без возачка дозвола.
– Малолетник од Битола претходно со возило удрил во пешак и му било одземено возилото, а исто така, во Гостивар е одземен мопед од малолетник кој со него удрил во полициски службеник кој вршел службенои дејствија. Одземени се патничките возила и на другите возачи кои возеле без возачка дозвола, соопшти МВР.
По еден возач во Гостивар и Кавадарци управувале возила иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија. Од нив, исто така, се одземени патничките возила. По еден возач во Македонска Каменица, гевгелиско, Струмица и Македонски Брод управувале возило под дејство на алкохол. Возачите во гевгелиско и Македонски Брод претходно предизвикале сообраќајни незгоди со материјални штети.
Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите МВР најавува дека ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, велат од МВР.
Црна хроника
Малолетник возел без дозвола и удрил во 42-годишник
17-годишен малолетник вчера удрил во 42-годишен пешак, Е.К., додека управувал автомобил „деву тико“ со битолски таблички на улицата Козјак во Битола,
Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што му била укажана медицинска помош.
СВР Битола извршила увид на местото на несреќата. По проверките било утврдено дека малолетникот управувал возило и покрај тоа што сѐ уште немал возачка дозвола.
Според насоките од јавниот обвинител, 17-годишникот бил приведен, а возилото одземено.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.

