Црна хроника
Чичкото го прегазил внукот во дворот додека се враќал наназад со автомобилот

Малолетник бил удрен со возило од неговиот чичко додека се враќал наназад, во дворот од куќата во Скопје.
Малолетникот бил донесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки повреди, по што полициски службеници излегле на терен за да истражат што се случило со него.
Тие констатирале дека несреќата се случила во дворно место од семејниот дом на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопеје.
Увид бил извршен од екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Казни за 41 возило за јавен превоз на територијата на целата држава, 16 со неисправни сопирачки

Денеска (18.5.2022), полициски службеници спроведоа акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници, при што санкционирани се 41 возило. Од нив, 16 поради неисправен уред за запирање, 14 поради неисправен уред за управување, како и други видови неисправности.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.
Црна хроника
Насилно им влегол дома и им барал пари

Скопјанец со метален предмет оштетил влезна врата од куќа, при што барал пари и им се заканувал на домашните.
Според информациите, се работи за 39-годишниот М. И. од Скопје, кој упаднал во куќа сопственост на Д. Ф., а им се заканувал на Х. Д. (65), Ш. Н., Б. Р. и на нејзината внука, сите од Скопје.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Човечко тело пронајдено во водите на Вардар кај Градско

Пред два дена е пронајдено човечко тело во водите на реката Вардар, под мостот што води од Градско кон с. Уланци, Велешко.
Екипа од Територијалната противпожарна единица Велес го извадила телото, а увид на местото извршила екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција.