Црна хроника
Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија и утрово се јавил во судот, соопштија од Јавното обвинителство
Основното јавно обвинителство Куманово ја известува јавноста дека мерките на претпазливост определени кон странскиот државјанин, кој учествуваше во тешката сообраќајна несреќа кај Табановце, сè уште се во сила.
„Во согласност со информациите што ги има Обвинителството до овој момент, тој не ја напуштил државата и утрово се јавил во судот како што му е определено. Резултатите од наредените вештачења неопходни за да се расчистат причините за сообраќајната несреќа сè уште не се пристигнати до Обвинителството“, велат од таму.
Во сообраќајната несреќа првин се судриле два автомобила, „фолксваген поло“, со кумановска регистрација, и „фолксваген голф“, со скопски регистарски таблички. До судирот дошло кога возачот на еден од автомобилите влегол на автопатот во спротивна насока.
„По тој првичен судир, од автомобилот излегла сопатничката од возилото со кумановска регистрација и во тој момент на неа налетал автомобил ‘опел инсигнија’, со српски регистарски таблички. Од ударот жената добила тешки телесни повреди, од кои починала“, се наведува во соопштението на Обвинителството.
Како што се додава, издадена е наредба за обдукција на жртвата, но и за преглед на примероци од крв и урина на другите учесници.
Собрани се траги и материјални докази, кои ќе бидат предмет на вештачење за прецизно да се утврдат причините за сообраќајната несреќа“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

