Црна хроника
Автомобил излета од патот Петровец – Огњанци, две лица повредени
Две млади лица се тешко повредени откако вчера со автомобил „застава југо“ излетале од патот с.Петровец-с.Огњанци. Како што соопшти МВР, З.О.(21) кој го возел југото изгубил контрола и излетал од патот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот М.С.(18) од с.Огњанци, по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош, а со повреди се здобил и возачот, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украл пари и нападнал вработена во казино во Охрид
Едно лице е осомничено дека украло пари и нападнало вработена во казино во Охрид.
Според информациите од полицијата, вчера во 07.25 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во казино лоцирано на булеварот „Туристичка“ во Охрид, едно лице одзело пари и физички нападнал вработена во казиното.
Се преземаат мерки за негово пронаоѓање по што, против сторителот ќе биде поднесека соодветна пријава.
Топ
42-годишник пронајден мртов кај селото Нераште: наредена е обдукција, ќе се вештачат траги најдени на местото
Обвинителството извести дека е извршен увид на лице место, дадени се повеќе насоки и наредби со цел откривање на сторителите поради сомненија дека смртта на 42-годишникот пронајден во атарот на селото Нераште, е резултат на кривично дело.
„Дадена е наредба за обдукција, наредба за подигање на возилото и други траги од лице место на кои ќе се врши вештачење, наредба за обезбедување на снимки од видео надзор, како и други докази. По наредбите се постапува“, соопштуваат од Обвинителството.
Вчера во попладневните часови тетовската полиција пронајде безживно тело на 42-годишник, жител на Тетово, кој бил пријавен како исчезнат од својата сопруга.
Според информациите од СВР Тетово, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го забележале возилото „ауди“ во атарот на селото Нераште.
Во автомобилот било пронајдено машко лице без знаци на живот, со прострелна рана во пределот на главата и видлива дупка од куршум на возачкото стакло.
Црна хроника
Уапсен скопјанец: при претрес во неговиот дом во Кисела Вода пронајдена дрога
Вчера во 21:20 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода 21-годишниот Л.Б. од Скопје, затоа што при извршен претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и пари.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

