Топ
Две деца тешко повредени во сообраќајки

Осумгодишно дете од Прилеп е тешко повредено откако вчера во него удрил автомобил, на крстосница од улиците „Војводинска“ и „Ладо Ланецот“ во Прилеп.
Детето со тешки телесни повреди било итно пренесено во Градската болница-Прилеп каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
Седумгодишно дете велосипедист е исто така тешко повредено откако синоќа во него удрило комбе во скопското село Грчец.
Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски ја повика ДУИ да достави докази за наводната корупција: Апсолутно имам доверба во работењето на господинот Меџити

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека има исклучително блиска и непосредна соработка со министерот за животна средина, Изет Меџити, кого ДУИ со денови го обвинува за корупција. Мицкоски ја повика партијата да достави докази, доколку ги има.
„Сите што поседуваат докази за такво нешто ги повикувам, го знаат мојот број, ако треба, ќе напуштам состанок за да ги предадеме на органите што треба да постапуваат. Во спротивно, морам да ги предупредам од ДУИ дека продолжуваат да сеат пердуви, да се занимаваат со магла, магла што е оптоварена со зборот корупција, бидејќи тоа беше нивно второ име во минатото, во кое главен атрибут беше трговскиот центар ‘Соравија’ во Скопје, автомобилите ‘ролс-ројс’ на сватовите, деловните простории на тогашниот потпретседател и шеф на кабинет на господинот Ахмети и така натаму. Можам на една цела прес-конференција да ги редам скандалите. Разбирам дека тоа е Фројд и дека тоа владее со нивната потсвест, но јас апсолутно имам доверба во работењето на господинот Меџити“, рече денес премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања во Владата по објавата за реконструкциите на болницата „8 Септември“ и охридскиот аеродром „Св. апостол Павле“.
Демократската унија за интеграција и денес потсети на корупциски скандал во Министерството за животна средина, каде што контролата на Државниот управен инспекторат утврдила злоупотреба на службената должност на министерот Меџити и на неговиот кабинет. ДУИ наведува дека доверливи извори од Министерството за животна средина потврдиле дека шефот на кабинетот на Меџити бил клучна фигура во шемата за уцени и мито со вршење притисок врз компании и граѓани за секоја административна услуга.
Економија
Според пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, лицемерен бил предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ-то на храната и струјата

Лицемерни се предложените измени од пратениците од СДСМ за намалување на ДДВ-то на храната и струјата, изјави Игор Здравковски од пратеничкта група на ВМРО-ДПМНЕ откако владејачкото мнозинство не даде поддршка за овој предлог во законодавниот дом.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека по седум години власт, социјалдемократите предлагаат мерка за намалување на ДДВ на храната и струјата, а претходно ги зголемија стапките на ДДВ на стотици артикли.
„Во ситуација на енергетска криза, кога цената на берзите беше над 800Е за MWh, тие беа глуви на барањата на потрошувачите, на опозицијата и на граѓаните, па не дадоа ниту време, ниту модус да застанат на страна на граѓаните. Напротив, го искористија моментот да го искрадат и уништат енергетскиот сектор преку матни тендери. Економските и енергетските генијалци, успеаја цената на производот на електрична енергија да ја качат од 45Е на 133Е за MWh. Денес цената на струјата е стабилна, а покачувањето е 1,48 отсто во последните 8 месеци“, рече Здравковски.
Како што додаде, со активните мерки со ограничување на маржите ќе има запирање на инфлацијата на храната, а со тоа и заштита на стандардот на граѓаните.
До СДСМ порача, наместо да се однесуваат лицемерно,во иднина да ги прифатат мерките на Владата и конструктивно заедно да работат за доброто на граѓаните.
Предлогот на СДСМ предвидуваше намалување на ДДВ-то за струјата, што, како што велат предлагачите, ќе значеше 13 отсто пониски сметки за над 600 илјади домаќинства. За сметка од 3.000 денари, граѓаните ќе заштедеа 400 денари месечно, а за повисоките сметки, заштедата ќе беше уште поголема. Истото тоа важи и за основните прехранбени производи. Пратеникот Фатмир Битиќи изјави дека нмалувањето на ДДВ на нула проценти ќе значеше директно поевтинување на храната, односно над 3.000 производи ќе беа поевтини, меѓу кои лебот, брашното, млекото, јајцата, маслото, шеќерот и сите други основни продукти што секојдневно ги купуваат граѓаните.
Македонија
Македонија е коспонзор на резолуцијата на САД за Украина

Македонија е една од земјите што се коспонзор на предлог-резолуцијата на САД за Украина, а истовремено Европската Унија, предводена од Германија и Франција, поднесува своја резолуција.
Премиерот Христијан Мицкоски кусо изјави: „Така одлучивме“, прашан зошто бил преземен таков чекор. Тој изрази очекување дека резолуцијата ќе биде поддржана од мнозинството во рамките на Обединетите нации.
Советот за безбедност на ОН ќе гласа за нацрт-резолуцијата за Украина предложена од САД. Покрај Македонија, коспонзори на резолуцијата се и Израел, Грузија и Унгарија. Во текстот се изразува тага за трагичната смрт на луѓето во руско-украинскиот конфликт и се апелира на ставање крај на војната. Американскиот државен секретар Марко Рубио ја нарече резолуцијата едноставна и историска и ги повика членките на ОН да ја поддржат со цел да се зацрта патот кон мирот.
Од друга страна, во резолуцијата на Франција и Германија се зборува за „целосна инвазија на Украина од страна на Руската Федерација“ и се бара итно и безусловно повлекување на сите сили на Москва.