Топ
Брендирана роба без документација пронајдена во товарно возило: приведен струмичанец
Вчера околу 16.30 часот на патниот правец од Богданци кон село Фурка, дојранско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции извршиле контрола на товарно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(59) од Струмица.
При контролата во возилото биле пронајдени и одземени вкупно 672 парчиња брендирана роба за која не поседувал соодветна документација.
За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 285 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Со емотивно видео семејствата на загинатите во „Пулс“ најавија нов протест в сабота во Скопје, следната недела почнува судењето
Здружението на граѓани „16-ти Март“ – кое го создадоа семејствата на жртвите во трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, најави нов марш на ангелите што ќе се одржи в сабота во 12.05 часот на скопскиот плоштад.
„Од радост до тишина – нашите ангели што заминаа премногу рано. Ги испративме со песна, а судбината ни ги врати во болка. Ова видео е потсетник дека зад секоја трагедија стојат вистински животи, семејства и љубов. Да не дозволиме болката да биде заборавена – да бараме правда со достоинство и сила“, се вели во описот на видеото.
Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, почнува следната недела, на 19 ноември.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вчера најави дека обвинението ќе го застапува тим од околу 15 обвинители, со веќе утврден план за нивна координација.
Обвинението, поднесено во јуни годинава, опфаќа 34 физички и три правни лица, обвинети за тешки дела против општата сигурност. Меѓу нив се тројца поранешни градоначалници на Кочани, четворица директори на Дирекцијата за заштита и спасување, пет државни службеници, генерален секретар и двајца поранешни министри за економија. Првообвинети се тројцата одговорни лица и сопственици на фирмата чија подружница бил кабарето „Пулс“.
Покрај главниот предмет, се води и посебна истрага против 13 полицајци поврзани со случајот, која се одвива побавно поради одложени сослушувања на сведоци. Одлуката од Јавното обвинителство се очекува на почетокот на декември.
Во Основното јавно обвинителство Кочани се води и предистражна постапка против службеници на Управата за јавни приходи.
Македонија
(Видео) Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколицата Крива Паланка
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкцијата на обиколницата во Крива Паланка.
„Рехабилитација на обиколницата Крива Паланка која води до соседна Бугарија. Многу значаен проект на Коридор 8 кој е продолжение на експресниот пат Страцин – Крива Паланка и патна врска со граничниот премин Деве Баир кој е главна врска со Бугарија.
Обиколница на Крива Паланка е проект со кој го поттикнуваме регионалниот развој и соработка, во истовреме обезбедуваме побрз транспорт и безбеден сообраќај” напиша вицепремиерот Николоски.
Свет
(Видео) Трамп: Никој не знае што се магнети
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието, овој пат со бизарна изјава за магнетите за време на настан во Овалната соба, објавува „Индипендент“.
Сè се случи вчера, за време на положувањето заклетва на новиот американски амбасадор во Индија. Трамп ја искористи приликата да одржи неочекуван монолог за Кина, фокусирајќи се на неодамнешниот договор за извоз на ретки земни метали.
Trump: "Nobody knows what magnets are." pic.twitter.com/nxnLmKbFDP
— Aaron Rupar (@atrupar) November 10, 2025
„Кина ќе нè удри со ретки земни метали. Сега сите велат: ‘О, што значи тоа?’ Магнети. Ако Кина одбие да ни даде магнети, затоа што има монопол врз магнетите… немаше да се произведува ниту еден автомобил во целиот свет“, рече Трамп.
Тој продолжи со збунувачкото тврдење дека „никој не знае што се магнети“, пред да го пофали она што го нарече „одлична зделка“ што Кина и САД ја постигнаа претходниот месец.
фото: принтскрин

