Црна хроника
Велешанец фатен како краде за време на полициски час
Полицијата уапси 23-годишен велешанец, кој бил фатен како краде за време на полицискиот час.
Според информациите на МВР, вчера, околу 21.30 часот, М. А. (23) од Велес бил фатен при вршење тешка кражба од автомобил, паркиран на улицата Димко Најдов во Велес.
По извршениот претрес во неговиот дом, биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од кражби, како и алат и предмети со кои се извршени кривичните дела.
Лицето е задржано во Полициската станица Велес. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава за сторените кривични дела, како и за непочитување на забраната за движење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
42-годишник пронајден мртов кај селото Нераште: наредена е обдукција, ќе се вештачат траги најдени на местото
Обвинителството извести дека е извршен увид на лице место, дадени се повеќе насоки и наредби со цел откривање на сторителите поради сомненија дека смртта на 42-годишникот пронајден во атарот на селото Нераште, е резултат на кривично дело.
„Дадена е наредба за обдукција, наредба за подигање на возилото и други траги од лице место на кои ќе се врши вештачење, наредба за обезбедување на снимки од видео надзор, како и други докази. По наредбите се постапува“, соопштуваат од Обвинителството.
Вчера во попладневните часови тетовската полиција пронајде безживно тело на 42-годишник, жител на Тетово, кој бил пријавен како исчезнат од својата сопруга.
Според информациите од СВР Тетово, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го забележале возилото „ауди“ во атарот на селото Нераште.
Во автомобилот било пронајдено машко лице без знаци на живот, со прострелна рана во пределот на главата и видлива дупка од куршум на возачкото стакло.
Црна хроника
Уапсен скопјанец: при претрес во неговиот дом во Кисела Вода пронајдена дрога
Вчера во 21:20 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода 21-годишниот Л.Б. од Скопје, затоа што при извршен претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и пари.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.

