Топ
(Видео) Полиција, војска, нуркачи, дронови – се трага по тројцата Косовци во Лепенец, по вчерашната несреќа

Полицијата, нуркачки тимови, војската, доброволци се само дел од екипите кои учествуваат во пронаоѓање на тројцата косовски државјани, кои по сообраќајна несреќа, со автомобил излетаа во реката Лепенец. Во близина на скопското село Орман, на автопатот кој води до граничниот премин Блаце се насобрани припадници на службите кои трагаат по тројцата патници. Засега, нема траг од ниту еден од косовските државјани.
Местото е обележано со полициска лента. Освен нуркачки екипи, во потрагата се учествува и со дронови. Акцијата за пронаоѓање трае скоро 24 часа. Потрагата ја усложнуваат и надојдените води во Лепенец, по обилните врнежи од претходните денови.
Момчето на возраст од 21 година, кое било во автомобилот, а е спасено, е во добра здравствена состојба. Тој нема скршеници, но е во шок по несреќата. Сместен е во болницата „8 Септември“, каде ќе биде задржан на испитувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Руското министерство за одбрана ги отфрла наводите за нарушување на естонскиот воздушен простор

Руското Министерство за одбрана објави, во врска со обвинувањата на Естонија дека три руски борбени авиони го нарушиле воздушниот простор на земјата, дека планираниот лет од Карелија до аеродромот во Калининградската област бил извршен во согласност со меѓународните прописи и не ги прекршил границите на други земји.
„На 19 септември годинава, три руски борбени авиони МиГ-31 го извршија планираниот лет од Карелија до аеродромот во Калининградската област. Летот беше извршен во строго почитување на меѓународните прописи за воздушен простор и не ги прекрши границите на други земји, што беше потврдено со објективно следење“, се вели во соопштението на руското министерство, пренесува РИА Новости.
Претходно, естонското Министерство за надворешни работи објави дека во петокот го поканило вршителот на должноста амбасадор на Русија да достави протестна нота во врска со наводното нарушување на естонскиот воздушен простор од страна на руски борбени авиони МиГ-31.
Естонската влада ја обвини Русија за нарушување на нејзиниот воздушен простор , поради што Естонија побара консултации во рамките на НАТО согласно член 4 од Вашингтонскиот договор.
НАТО објави дека ќе одржи итен состанок на почетокот на следната недела за да ја разгледа ситуацијата.
Свет
„Може да биде голем проблем“, рече Трамп за руското нарушување на воздушниот простор на Естонија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наскоро ќе добие детални информации за руското нарушување на воздушниот простор на Естонија и нагласи дека „не му се допаѓа“ таквата ситуација.
– Не ми се допаѓа. Не ми се допаѓа кога тоа се случува. Може да биде голем проблем – им рече Трамп на новинарите во Белата куќа, пренесува Ројтерс.
Инцидентот се случи во петокот, кога естонската влада ја обвини Русија за нарушување на нејзиниот воздушен простор, што ја поттикна Естонија да побара консултации во рамките на НАТО согласно член 4 од Вашингтонскиот договор.
НАТО објави дека ќе одржи итен состанок на почетокот на следната недела за да ја разгледа ситуацијата.
Свет
Премиерот на Естонија бара консултации по член 4 од НАТО поради руските авиони

Естонија одлучи да побара консултации согласно Член 4 од НАТО поради нарушувањето на нејзиниот воздушен простор од страна на руски борбени авиони, објави естонскиот премиер Кристен Михал.
„Три руски борбени авиони МиГ-31 влегоа во естонскиот воздушен простор. Борците на НАТО одговорија и руските авиони беа принудени да побегнат. Таквото прекршување е целосно неприфатливо. Владата на Естонија одлучи да побара консултации согласно Член 4 од НАТО“, напиша тој на платформата X.
Член 4 им дозволува на членовите да свикаат состанок на НАТО кога веруваат дека нивната територијална безбедност е загрозена и претставува важен чекор во дипломатскиот и безбедносниот одговор на Алијансата.