Топ
(Видео) Пресечен меѓународен транспорт на дрога во вредност од 300.000 евра
Во координирана полициска акција на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) и полициски службеници од ОВР Гостивар разбиена е организирана криминална група, со што е пресечен меѓународен транспорт за недозволена трговија со дрога при што се запленети околу 100 кг марихуана во вкупна вредност од 300.000 евра.
ОСОСК до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ќе поднесе кривична пријава против четири лица, и тоа Е.М., Х.Ф., Е.И. и Б.П., од кои три се од Гостивар и едно од Дебар, на возраст од 30 до 47 години, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
„ Со цел да се стекнат со противправна имотна корист, во периодот до декември 2021, пријавените лица набавиле марихуана, која ја сместиле во објект во Гостиварско, а на 14.12.2021 дел од неа, по претходен договор ја предале на еден од пријавените, кој со товарно возило за одреден паричен надомест требало да се транспортира до Бугарија“, соопшти портпаролката на МВР Сузана Прањиќ Талевска.
![]()
Полициски службеници при ОСОСК на патарина „Глумово“, вчера при преглед во товарното возило „ман“ со приколка, со дебарски регистарски ознаки, пронашле 19 црни вреќи, во кои биле сместени вкупно 189 пакувања со марихуана.
![]()
Истиот ден, врз основа на наредба издадена од судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на неколку локации во Гостивар, при што се пронајдени поголем износ пари во различни валути и апоени и предмети за истражната постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Се претставил како инспектор, изнудил пари од жена за наводна сообраќајка, па бил фатен на граница
СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против М.А. (46) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „Измама“ по член 247 од Кривичниот законик.
Како што информираат од полицијата, на 11 ноември 2025 година, 72-годишна жителка на селото Буково била жртва на телефонска измама. Лице кое се претставило како полициски инспектор ѝ се јавило и лажно ја известило дека нејзината ќерка и зет предизвикале сообраќајна незгода. Под закана и лажно уверување дека е потребно итно плаќање, жената оставила 40.000 денари и 1.500 американски долари на однапред договорена локација во Битола.
Откако подоцна утврдила дека информацијата е невистинита, случајот бил пријавен во полиција, по што биле преземени истражни мерки.
Осомничениот бил лишен од слобода на 24 јануари 2026 година на граничниот премин Ќафасан, при што во целост го признал делото. Истражната постапка продолжува во надлежност на Основното јавно обвинителство Битола.
Топ
Пешак се бори за живот на Ургентен во Скопје , малолетник го удрил со автомобил
Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак, кој се бори за живот во Ургентен цнетар во Скопје, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
– Денеска во 11:30 часот пријавена е сообраќајна незгода во скопското село Долно Коњари, во која патничко возило со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник, удрило во паркирано патничко возило со скопски регистарски ознаки и пешакот И.Ф.. Од незгодата, со повреди се здобил пешакот, кој е пренесен во Ургентен центар „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е во животно – загрозувачка состојба, појаснија од МВР.
Како што додадоа, известен бил дежурен јавен обвинител за малолетници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Свет
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

