Црна хроника
Возач на трактор тешко повреден откако излетал од коловозот
Вчера во 08.45 часот во полициската станица Валандово било пријавено дека во атар на с.Чалакли, валандовско, трактор „ИМТ 533“ со полуприколка, управуван од А.П.(48) од с.Балинци, валандовско, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Гевгелија.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Валандово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Вработен во јавно претпријатие се вработил со фалсификат диплома од средно училиште во Куманово
Вработен во јавно претпријатие во Куманово се вработил со фалсификат диплома од средно училиште.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ѓ.Ш.(55) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
Пријавениот, вработен во јавно претрпијатие во Куманово од 2016 година со договор на дело, во текот на 2022 година набавил фалсификувана диплома од средно стручно училиште во Тетово, која ја употребил при аплицирање на отворен јавен оглас за што склучил договор за вработување на неопределено време.
Црна хроника
Петмина насилници нападнале и ограбиле 15-годишно момче во Центар
Петмина насилници вчеравечер нападнале и ограбиле 15-годишно момче во Центар.
Вчера вечер во 20:15 часот во СВР Скопје, Т.Д.(35) од Скопје пријави дека околу 15:00 часот на подрачјето на Центар, неговиот 15-годишен син бил пресретнат од пет лица, од кои едниот му се заканил со остар предмет и му одзел пари и мобилен телефон, а друг од нив физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Девојка измамена за 5.000 евра дека ќе добие македонски документи
Вчера во 14:00 часот во СВР Скопје, 25-годишна жена од скопско село пријавила дека била измамена за сума од околу 5.000 евра од Н.К.(29).
Според пријавеното, во периодот од декември 2023 година до декември 2024 година таа во неколку наврати му ја исплатила сумата за да извади македонски лични документи и македонско државјанство за неа и нејзините сестри.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

