Црна хроника
Возило во Неготино излетало од патот, возачот тешко повреден
Вчера, во 13.20 часот, во ОВР Неготино било пријавено дека на автопатот Градско – Неготино, кај местото наречено Црвени Брегови, патничко возило „рено меган“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М. А. (37) од с. Миравци, Гевгелиско, излетало од коловозот.
Во несреќата возачот добил тешки телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци. Извршен бил увид од екипа на ОВР Неготино.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
Вчера во 18.30 часот во полициската станица Валандово било пријавено дека во својот дом во градот бил пронајден починат Б.Е.(56), соопшти МВР.
Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Притвор и кривична пријава за убиство доби осомничениот маж од Стајковци
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.К.(66) од скопското село Стајковци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.
Како што информира денеска МВР, Љ.К. се сомничи дека на 14 мај 2024 во домот во село Стајковци со метален предмет ги нападнал неговиот брат В.К. (64) и неговата снаа С.К. (57), кои од здобиените повреди починале на местото.
Лицето било изведено пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.
Топ
Бебе почина во болница во Охрид
Вчера во СВР Охрид, пријавено е дека во 8.10 часот во Општа болница во Охрид починало деветмесечно бебе.
Бебето претходно во Службата за итна медицинска помош било донесено во неконтактибилна состојба. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвиниел телото е дадено на обдукција, информираат од СВР Охрид.
Пред неколку дена, на 14 мај 2024 година, почина седуммесечно бебе од Вевчани во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ по извршен хируршки зафат.
Бебето било донесено во болница од неговата мајка. Според пријавеното, било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крварење веднаш била извршена операција.
Според изјавата мајка, повредите бебето ги добило откако паднало од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани.