Топ
Вооружен грабеж во „НЛБ банка“, повреден еден од вработените

Вооружени лица утринава извршиле грабеж во „НЛБ банка” на улица Ферид Бајрам во скопската населба Чаир. При разбојништвото било пукано со огнено оружје. Крадците повредиле и 26-годишно момче вработено во банката.
Настанот бил пријавен во полиција во 10:36 часот. ,,Пријавено е разбојништво од страна на неколку лица со оружје во банка на улицата Ферид Бајрам кои одзеле пари. Од страна на сторителите бил физички нападнат Е. Е. (26), кој е вработен како обезбедување во банката. Повредени лица од оружје нема.Веднаш по добивањето на пријавата, презмени се мерки и активности од полициски службеници”, се првичните информации од полицијата.
Полициски службеници веднаш по пријавувањето на разбојништвото стигнале на местото на настанот и во тек е истрага. Сè уште се утврдува колку пари биле украдени од банката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Последните зборови на Чарли Кирк пред атентатот: Куршум го погоди соработникот на Трамп додека зборуваше за насилство

Се’ уште е во бегство сомничениот за атентатот на Чарли Кирк, младиот конзервативен активист кој беше застрелан во вратот додека говореше на Универзитетот во Јута.
Единствената трага која властите ја имаат е наводно лице снимено на покривот на зграда спроти местото од каде што Кирк говореше во средата попладне.
Според информациите на официјалните лица, фаталниот куршум бил испукан од околу 60 метри оддалеченост од местото каде што седел Кирк.
Истовремено, има остри критики за недостигот на безбедносни мерки за време на говорот на 31-годишникот, кој се сметаше за гласот на младите за Трамп во САД.
На прес-конференција неколку часа по убиството, портпаролот на полицијата изјави дека шест негови колеги биле присутни на настанот, на кој присуствувале околу 3.000 луѓе.
„Во толпата имаше и неколку полицајци во цивилки“, додаде тој. Според него, Кирк имал и свој тим за обезбедување кој бил во координација со полицијата.
Последните зборови на Кирк
Кирк, кој седеше под шатор облечен во едноставна бела маица со натпис „Слобода“ и црни панталони, одговараше на прашања од публиката.
Нападнат бил кога еден член на публиката зел микрофон и го испровоцирал, прашувајќи за масовните пукања во САД.
„Дали знаете колку транс Американци извршија масовни пукања во последните 10 години?“, праша членот на публиката. Кирк одговори: „Многу“, на што толпата бурно реагирала.
Истиот човек потоа рече дека бројката е „пет“ и го праша Кирк дали знае колку вооружени масовни стрелци имало во Америка во последните 10 години.
„Дали ги броиме бандите или не?“, биле последните зборови на Кирк, пред да биде погоден во врат. Тој паднал од столицата.
Толпата почнала да вреска и да бега, а обезбедувањето брзо го однело Кирк во приватен автомобил и го пренеле во болница, каде што починал.
Полицијата засега не соопштила кој е осомничениот за убиството на соработникот на Трамп, ниту пак кој е мотивот зад атентатот.
Македонија
Дождот не помогна многу – чадот од „Дрисла“ и утрово не стивнува, затрупувањето продолжува

Дождот засега не помогна многу во гаснењето на пожарот во депонијата Дрисла, што се чувствува во воздухот во Скопје.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека секојдневно се истурале тони вода, но чадењето продолжувало. Вчера властите прибегнаа и кон затрупување на опожарените делови, но депонијата продолжи да гори и утрово.
Ангелов најави дека во 12.00 часот ќе одржи прес конференција на која детално ќе информира за сите активности кои се превземаат на депониите Дрисла и Вардариште.
Жителите на Ново Лисиче, Аеродром, Центар, Драчево и Кисела Вода, синоќа на социјалните мрежи реагираа дека надвор не се дише и мириса на изгорено. Ангелов кажа дека ветрот го сменил правецот и чадот од депонијата се упатил кон Скопје.
Македонија
Шабан Салиу објави кандидатура за градоначалник на Шуто Оризари

Претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу, синоќа ја промовира својата кандидатура за градоначалник на општина Шуто Оризари.
„Стојам тука пред вас исполнет со гордост и благодарност. Шуто Оризари е единствената општина во светот водена од ромската заедница, место каде што секој камен шепоти приказни за нашата историја, култура и непокорен дух. Денес заеднички носиме одлука за нашата иднина, за чесно и одговорно управување со нашата општина“, порача Салиу во својот говор пред жителите на општина Шуто Оризари.
Салиу најави дека приоритет ќе биде изградба на инфраструктура, која ќе донесе квалитетен живот за сите жители, како што се асфалтирани улици до секој дом, проширен водовод и канализација, ЛЕД-осветление и безбедни пешачки патеки, како и нови социјални станови за семејствата што долго чекаат покрив над главата.
„Посебно внимание ќе биде посветено на образованието и на културата преку изградба на модерно основно училиште, поддршка на културните институции и создавање услови младите да ја носат ромската традиција во срцето, а знаењето да го градат според најсовремените методи“, истакна Салиу.
Салиу наајави и формирање мобилен здравствен тим, целосна обнова на амбулантата, изградба на дом за повозрасни и формирање фонд за поддршка на ранливите семејства.