Црна хроника
Во осум сообраќајни незгоди – петмина повредени
Во текот на изминатот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле осум сообраќајни незгоди, од кои четири со телесни повреди и четири со материјална штета. Во сообраќајните незгоди пет лица добиле телесни повреди.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 22 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 10 возачи, од кои: осум возачи управувале возила, без да стекнат право за управување моторно возило, и двајца возачи затоа што биле возачи почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 10 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се шест возачи поради поминување крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување пешаци, двајца поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување и двајца возачи поради непоседување зимска опрема. Во текот на изминатиот ден издадени се 94 мандатни платни налози и 63 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

