Црна хроника
Во Скопје санкционирани 82 возачи за возење со поголема брзина од дозволената
Во текот на изминатиoт ден на подрачјето на Скопје се случиле 15 сообраќајни незгоди од кои осум со телесни повреди и седум со материјална штета. При сообраќајните незгоди 11 лица се здобиле со лесни телесни повреди.
Потоа 82 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 20 возачи бидејќи 14 го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување моторно возило, петмина го управувале возилото под дејство на алкохол и еден бил возач почетник.
Од сообраќај исклучени се 16 возила бидејќи 15 биле нерегистрирани и едно било претоварено. Санкционирани се и шест возачи кои поминале крстосница на црвено светло, тројца неправилно престигнувале и двајца не носеле заштитен шлем.
Во однос на пешаците, санкциониран е еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин и еден кој поминал на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 102 мандатни платни налози, додека исто така 72 возила се подигнати со „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Нападнат работник од ЕВН во Горно Нерези
Во полицијата вчера беше пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ бил донесен 50-годишниот Т.И. од селото Матка со повреда.
Според пријавеното, истиот ден околу 11:00 часот во село Горно Нерези, додека извршувал работни задачи како вработен во ЕВН, бил физички нападнат од едно лице кое употребило тврди предмети.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанки пријавиле закани и напад од сопрузите со кои се разведуваат
Во два одвоени случаи пријавени во текот на вчерашниот ден, жени од Скопје побарале полициска заштита поради закани и насилство од нивните сопрузи со кои се во бракоразводна постапка.
Вчера во 11:40 часот бил приведен М.К. (31) од Скопје, по пријава од неговата 30-годишна сопруга дека ѝ упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во вториот случај, пријавен во 13:50 часот, 43-годишна скопјанка информирала дека околу 08:00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од својот сопруг С.К. (43). СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка измамена за 200.000 денари од „мајстор“ што исчезнал со парите, требало да работи во дворот
Педесетгодишна жена од скопско во полицијата пријавила дека била измамена од лицето В.„Н“ за износ од 200.000 денари.
Според пријавата, тој требало да изврши градежни работи во нејзиниот двор, но по земањето на парите престанал да одговара на повиците.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

