Црна хроника
Ги терала да питачат малолетните ќерки: кривична пријава за жена од Прилеп

37-годишна жена од Прилеп била затекната како ги подведува малолетните ќерки на питачење, соопшти полицијата.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против С.Н.(37) од Прилеп, со живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
На 11.08.2023, пријавената била затекната како ги подведува на питачење нејзините две малолетни ќерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 18-годишник од Струмичко: при претрес пронајдена дрога

Вчера во 01.10 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода 18-годишниот Ф.В. од село Добрејци, струмичко.
При преглед кај него била пронајдена марихуана, а потоа, врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што во дворното место биле пронајдени 19 стебла канабис.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против Ф.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Во бесознание била туристкaта од Јапонија која падна кај Канео, но сега е во стабилна состојба

Во стабилна состојба е туристката од Јапонија која вчера падна кај црквата „Свети Јован Канео“ во охридската населба Канео.
Од СВР Охрид информираа дека полицијата и екипата на Итната медицинска помош биле испратени на местото. Жената во бесознание била примена во охридската болница, а по укажувањето на медицинска помош, ги вратила нормалните животни функции и во моментот е во стабилна состојба.
Случајот нема индиции за насилство, туку се работи за несреќен пад.
Црна хроника
Скопјанец заврши во болница откако бил повреден со виљушкар

Вработен во приватна фирма се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи со виљушкар на паркинг на подрачјето на скопската општина Центар, информира Министерството за внатрешни работи.
Несреќата се случила во саботата, околу 13:45 часот, кога според пријавата поднесена во СВР Скопје, 48-годишниот Г.В. од Скопје бил повреден за време на неговиот работен ангажман.
МВР информира дека повредениот веднаш бил префрлен во приватна болница во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, а ќе се утврдува и дали биле почитувани прописите за безбедност и заштита при работа.