Црна хроника
Глоба за двајца жители на Дебар, чии локали работеле и покрај кризната состојба
Две лица од Дебар се казнети со глоба во висина од 10 до 100 дневни глоби поради непочитување на здравствените прописи за време на епидемијата. Според пријавата, во текот на вчерашниот ден двајцата обвинети, сопственик на угостителски објект и сопственик на интернет-клуб, не постапиле според определените прописи и упатства за сузбивање и спречување заразна болест.
При контрола од страна на службени лица од ОВР Дебар утврдено е дека иако во градот е прогласена кризна состојба, локалите на двете лица се отворени за да им даваат услуга на граѓаните.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Дебар, постапувајќи по денес примената кривична пријава до Основниот суд во Дебар, достави предлог за издавање казнен налог против две лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

