Топ
Му се заканиле на вработениот со пиштол, го врзале и му одзеле 552, 85 килограма канабис, расчистено разбојништвото во фабриката во Чегране
Секторот за внатрешни работи Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, по преземените мерки и активности и обезбедени материјално-технички докази во содејство и координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, СВР Охрид, ОВР Струга и ОВР Дебар, целосно го расчисти разбојништвото извршено на 26 ноември годинава во фабрика за производство на канабис за медицински цели во гостиварско Чегране.
Завчера и вчера, полициските службеници лишија од слобода пет лица, а Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава за сторено кривично дело разбојништво против: Н. И. (39) од Дебар, Н. Р. (29) и Г. С. (36) од Струга и против гостиварците Р. Б. (32) и Г. Б. (18). Тие се сомничат дека на 26 минатиот месец околу 22.30 часот физички го нападнале вработениот во обезбедувањето на фабриката во Чегране, а потоа заканувајќи му се со огнено оружје, го врзал, по што од просториите на правното лице одзеле 44 вреќи со вкупно 552, 85 килограма канабис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Од денес започнува есента
Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 14:43 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта.
Првиот есенски ден е 266-иот ден во годината и ќе трае 12 часа и девет минути. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 21 минута, а ќе зајде во 18 часот и 30 минути. До карјот на годинава остануваат уште 100 дена.
Есента ќе трае 89 дена, до 21 декември во 10 часот и 20 минути, кога календарски започнува зимата.
Синоптичарите на првиот ден од есента најавуваат посвежо утро, а преку ден, сончево и релативно топло време со мала облачност и со слаб променлив ветер.
Македонија
Кавадарци му предаде 220 безбедносни камери на МВР и се вклучи во проектот „Безбеден град“
Со повеќе од 220 камери на територијата на градот кои денеска му беа предадени на Министерството за внатрешни работи, Кавадарци денеска се приклучи на проектот „Безбеден град“ заедно со Куманово, Тетово и Скопје.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Општина Кавадарци каде оствари средба со градоначалникот Митко Јанчев по повод добивањето директен пристап на МВР – ОВР Кавадарци во современиот мониторинг центар, кој е во состав на општината.
„Овој директен пристап во сопствените простории до системот ќе биде во насока на координирано, брзо и ефикасно работење на полицијата заедно со локалната власт во интерес на јавната безбедност на граѓаните на Кавадарци.Со овој систем од над 200 камери кој ќе го имаме во рамки на системот на министерството значително ќе го подигнеме квалитетот на работењето на полицијата. Факт е дека криминалитетот во Кавадарци е значително намален во изминатиот период и очекуваме со пристапот на МВР до овој систем и посветеното работење уште повеќе да се подобри безбедносната состојба во општината. Ние како министерство сме фокусирани максимално на проектот којшто е поврзан генерално со зголемување на безбедноста на граѓаните на целата држава, проектите од ‘Безбеден град’ како во Кавадарци, така и Скопје, Куманово и Тетово. Ќе сториме сѐ во најбрз можен рок да ги ставиме во употреба сите тие технолошки системи во овие четири града, а понатаму на целокупната територија се со цел да добиеме едно побезбедно општество“, потенцираше министерот Тошковски.
Кавадарци во изминатите пет години постави над 220 камери на територијата на градот со цел заштита на урбаната опрема.
„Истите камери со меморандум за соработка ги префрламе на ОВР Кавадарци каде полиција ќе делува првентнтивно во заштита на безбедноста на жителите на Кавадарци. Со поставување на камерите, криминалитетот последните четири години е во драстичен пад, а огромен број од откриените кривични дела се откриени заради присуството на камерите“, нагласи градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Европа
Вонредна состојба во Италија, поплавени се два региони
Италија прогласи вонредна состојба денеска за два поплавени региони на северот од земјата по неколкудневните поројни врнежи.
Поројните врнежи предизвикаа поплавени патишта во двата региона. Вкупно, повеќе од 2.500 луѓе мораа да бидат евакуирани од своите домови. Зафатени се неколку градови, вклучувајќи ги Болоња, Модена и Равена, како и приморското одморалиште Римини на јадранскиот брег.