Црна хроника
Го удрил со автомобил оти претходно имале недоразбирање во сообраќајот

На 09.07.2023 во 16.15 часот било пријавено дека во Ресен, на патот за плажата во с.Сливница, по претходно недоразбирање во сообраќајот, дошло до расправија помеѓу В.Ј.(41) од Скопје и Ј.Ч.(45) од Ресен, при што Ј.Ч. со неговото возило го повредил В.Ј. во пределот на ногата.
В.Ј. се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Клиничка болница-Битола.
По целосно документирање на случајот ќе следува поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уште една измама со лажна сообраќајна несреќа во Чашка, измамен 74-годишник за 14.000 евра

Вчера во 21:15 часот во СВР Велес, 74-годишен маж од општина Чашка пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 14.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило на телефон и му кажало дека неговата ќерка има направено сообраќајна несреќа и дека треба да плати за да ѝ биде направена операција.
Како што е пријавено, откако се договориле, парите ги однел на договореното место, по што ја слушнал ќерка си и сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 19-годишник од Битола: возел со 104 км на час на место на кое брзината е ограничена на 50 км на час

Вчера во 18:30 часот на улицата „8 Септември” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија до слобода В.Г.(19) од Битола.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „сеат”со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Г., при што е констатирано дека го управувал со брзина од 104 километри на час во населено место каде што брзината е ограничена на 50 километри на час.
По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава по чл.297-а – „безобѕирно управување на моторно возило“.
Црна хроника
Две деца од 12 години и еден 14-годишник фатени во центарот на Скопје при кражба

Вчера во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 12 години и еден 14-годишник, сите од Скопје.
Околу 17.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар тие одзеле пари и побегнале, но набргу биле пристигнати од двајца вработени во објектот. Притоа, еден од малолетниците им се заканил и се обидел да ги нападне со остар предмет.
Парите и остриот предмет се пронајдени, а малолетниците се задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.