Топ
Притвор за гевгеличанецот кој силувал малолетно девојче

Против 23-годишникот од Гевгелија кој силувал малолетно девојче поднесена е кривична пријава и определена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Гевгелија.
„Притворот беше побаран бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на осомничениот, како и можност тој да се обиде да ги сокрие трагите од кривичното дело, да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците или да го повтори делото“, велат од Обвинителстото.
Пријавениот на 23 февруари во Гевгелија со употреба на сила извршил обљуба врз 14-годишно девојче.
Девојчето дошло во домот на осомничениот заедно со нејзин другар. Таму имало уште едно лице, кое ја турнало малолетничката во собата со осомничениот и ја заклучило. Со употреба на сила и закани, 23-годишникот извршил обљуба врз девојчето, кое цело време викало и барало помош. Потоа ѝ се заканил на никого да не кажува за настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Маж од Србија пронајден мртов на охридското крајбрежје

Вчера во 19.41 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје, има починато лице.
Од преземените мерки, констатирано е дека се работи за М.Џ.(56) од Пожаревац, Република Србија, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
Економија
Пониски цени на бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42 % во однос на одлуката од 14.7.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,559%, кај дизелот за 0,837%, кај екстра лесното масло за 0,048% и кај мазутот намалувањето е за 1,882%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,650%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,314 ден/кг и сега ќе изнесува 40,158 ден/кг.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.7.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.
Македонија
(Фото) Сиљановска-Давкова го прогласи отворен Летниот европски младински олимписки фестивал

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вчеравечер го прогласи за отворен Летниот европски младински олимписки фестивал и рече дека организацијата на ваков реномиран меѓународен спортски настан претставува голема чест за државата.
Според неа, 4.000 спортисти-учесници ja манифестираат убавата страна на сегашноста, ја гарантираат светлата иднина на европскиот и на светскиот спорт.
За претседателката, ова не е само врвен спортски собир, туку е симбол на младоста, генератор на заедништвото и солидарноста, креатор на европскиот културен и спортски дијалог, во кој спортистите не се претставуваат само себеси и своите земји, туку промовираат и спортско витештво, пријателство и фер однос и кога победуваат и кога губат.
Сиљановска-Давкова ги охрабри младите да продолжат да го развиваат олимпискиот дух, нагласувајќи: Верувам дека уште еднаш ќе покажеме и ќе докажеме дека сме хумани и добри домаќини, народ со страсна спортска публика, што знае да бодри, поттикнува и наградува.
Летниот европски младински олимписки фестивал се одржува од 20 до 26 јули во Скопје и Куманово. На свеченото отворање, покрај претседателката Сиљановска-Давкова се обрати претседателот на Европскиот олимписки фестивал, Спирос Капралос, а беше изведена „Парада на делегациите“и танцова изведба од Националната опера и балет.