Црна хроника
Двајца браќа под истрага за недозволена трговија со наркотични дроги
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа, осомничени дека сториле по едно кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
„На 26 август, во домот во кој живееле заедно, кај првиот осомничен на возраст од 42 години биле пронајдени 62 полиетиленски пакувања наркотична дрога хероин, со вкупна нето-маса од 89,02 грама. Кај вториот осомничен, на возраст од 51 година, биле пронајдени 12 пакувања марихуана, со вкупна нето-маса од 18,47 грама, и една дигитална вага со остатоци од наркотична дрога“, соопшти Обвинителството.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходната постапка достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен, а за вториот осомничен, поради здравствени причини, предложи да биде определена мерка куќен притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

