Топ
Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Демир Капија – Неготино

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи вчера на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, во близина на клучката кај с. Тремник.
Несреќата се случила помеѓу автомобил „хјундаи“, управуван од Е. К. (40) од с. Тремник, Неготинско, и автомобил „фолксваген голф“, управуван од М. Н. (51) од Неготино.
Притоа, Е. К. починал на местото на настанот, а М. Н. починал на патот кон болница. Основен јавен обвинител и екипа од Полициската станица Неготино извршиле увид на местото на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски цели

Запленети се 204 банкноти и монети за колекционерски цели, чија вредност е проценета на 700 илјади денари. Случајот е откриен од страна на царинските службеници на Меѓународен Аеродром Скопје, при контрола на патник, државјанин на САД.
„Патникот иако со себе носел поголема количина пари за колекционерски цели се упатил на зелениот канал. Поради сомневање бил селектиран на детална контрола, при што во двата куфери и во торбите што ги носел со себе биле откриени банкноти и монети за колекционерски цели.
Против патникот е поведена соодветна постапка до надлежен суд. Апелираме дека сите патници имаат законска обврска да ги пријават вредносните предмети при влез и излез од државата“, велат од Царинската управа.
Македонија
„Скопје се труе, Изет се крие: од потпретседател на Али Ахмети, заврши како портпарол на Мицкоски“, велат од ДУИ

„Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за еколошката катастрофа што го погоди главниот град по избувнувањето на пожарот во Трубарево, додека министерот за животна средина, Изет Меџити, остана невидлив и неодговорен пред кризата“, велат од ДУИ
„Во моментите кога Скопје беше обвиено со токсични облаци, со мирис на изгорена пластика, гуми и батерии, граѓаните очекуваа информации, препораки и апел за заштита. Но, Меџити не излезе пред јавноста, не презеде мерки, не понуди решение. За него, поважно беше да се појави на партиски активности, како ништо да не се случило.
Парадоксално е што токму Министерството што тој го води е тоа што издава дозволи и има обврска да ги контролира ваквите објекти. Но, Меџити, наместо да преземе одговорност, се крие зад празни оправдувања и се обидува да измисли дежурни виновници во ДУИ.
Наместо да измислуваат внатрешни и надворешни непријатели, оваа Влада и Меџити треба да се соочат со својата одговорност, да ги расчистат случаите на палење пожари и да ја лоцираат одговорноста таму каде што навистина припаѓа – дури и ако тоа е нивната неспособност. Клеветите и неоснованите обвинувања нема да ги спасат од неуспехот.
Ова не е прв пат. Две децении во Чаир тој остави зад себе урбан хаос, загадување и негрижа, се сеќаваше на граѓаните само пред избори. Денес, истиот модел на неодговорност се повторува на државно ниво.
Јавно прашуваме: кој ги подметна пожарите во Битола, Кавадарци, Штип и во други градови низ државата? Зарем и таму виновна е ДУИ? Или тоа е едноставно стилот на Меџити – да бега од одговорност и да мисли само на својот личен интерес“, прашуваат од ДУИ преку писмено соопштение.
Македонија
„Апасиев и Мециновќ разоткриени, пред граѓаните глумат чесност, а зад завесите во џебот ставаат народни пари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Дволичноста на лицата од Левица веќе е на виделина. Лицата како Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ кои постојано зборуваат за чесност, грижа за граѓаните се покажа дека е една голема лага. Апасиев и Мециновиќ практично глумат едно пред јавноста, друго како приватни лица. Па така Апасиев и Мециновиќ си земале од партиските пари на Левица за лични потреби, тие пари пак се на народот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Само во периодот од 2021 година до денес се послужиле или во џеб ставиле околу милион денари.
Само за оваа година 2025, Мециновиќ кој е пратеник во Собранието од Левица земал околу 200 илјади денари.
Со вакво однесување Апасиев и Мециновиќ покажуваат само колку се дволични и колку не им е грижа за граѓаните, со други зборови глумат наивни лица загрижени за народот.
Едно е јасно раководството на Левица, или Апасиев и Мециновиќ пред граѓаните глумат фалш скромници, а зад грб само ги ставаат во својот џеб нивните граѓани.
Секој ден се покажува дека лицата од Левица се демагози или само лажно ветуваат и манипулираат за да го придобијат народот, а воедно се и тешки лицемери, едно се нивните јавно кажани зборови, а нивните приватни постапки се сосема нешто друго“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.