Црна хроника
Девојка со ментална попреченост од нејзините најблиски била продавана за сексуална експлоатација
Oбвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска донесе наредба за истражна постапка против шест лица.
Четворица од осомничените заедно, со умисла извршиле повеќекратно остварување на кривичното дело трговија со луѓе, а и останатите двајца се товарат дека го сториле истото кривично дело.
Во периодот од декември 2021 година до април 2022 година, трето и четврто осомничените – мајка и сестра на посебно чувствителната жртва, ја врбувале девојката злоупотребувајќи ја својата положба како најблиски роднини на жртвата врз која имаат контрола, како и нејзината ментална неспособност.
Потоа ја предавале на прво и второ осомничените кои ја прифаќале и засолнувале во нивните домови заради сексуална експлоатација со нив и со други засега непознати лица, за што на осомничените мајка и сестра на жртвата им давале надомест во пари или друга корист.
Жртвата е пронајдена од страна на полициските службеници од МВР во домот на шестоосомничениот кој ја прифатил со цел сексуално и трудово да ја искористува за надомест од 5.000 денари.
Надлежниот обвинител цени дека постојат услови кои укажуваат на неопходноста од определувањето на мерката притвор, односно дека осомничените ќе се дадат во бегство, ќе ја попречуваат истрагата со сокривање или уништување на трагите на кривичните дела, особено земајќи го предвид фактот што од страна на обвинителството сè уште се преземаат дејствија за собирање и обезбедување докази важни за правилно утврдување на фактичката состојба.
Воедно, постои основано сомневање доколку осомничените бидат на слобода можат да влијаат и да се закануваат на потенцијалните сведоци, како и да го повторат делото.
Поради сите овие околности, обвинителството му предложи на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје да им биде определена мерка притвор на сите осомничени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.

