Црна хроника
Драма на границата со Албанија, спречен илегален шверц на добиток
34- годишниот К.Б. од Дебар бил приведен бидејќи заедно со уште едно лице сакал илегално да пренесе добиток преку граничниот премин Блато.
„При дадена наредба да застанат, лицата не ја почитувале и продолжиле со движење, по што испукани се три предупредувачки куршуми во воздух“, соопшти полицијата.
Лицата веднаш излегле од возилото и се обиделе да побегнат. По преземените мерки, К.Б. е лишен од слобода, а во службениот разговор признал дека нема никаква документација за превезениот добиток.
„Се преземаат сите мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок“, додадоа од полицијата, нагласувајќи дека инцидентот бил навремено запрен благодарение на брзата реакција на службениците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Недоразбирање во сообраќајот завршило со убод во Тетово – поднесена пријава
Тетовската полиција поднесе кривична пријава против Н.М. (20) од селото Пирок, општина Боговиње, поради сомнение за насилство.
Според полицијата, на 1 ноември 2025 година во Тетово, по претходно недоразбирање во сообраќајот, пријавениот му нанел убодна рана на А.К. (20) од Тетово.
Случајот е документиран и проследен до надлежните органи за понатамошна постапка.
Црна хроника
Штипјанец пријавен за неовластени трансакции со туѓа банкарска картичка
Полицијата во Штип поднесе кривична пријава против Е.З. (38) од овој град, поради сомнение за кривичното дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Според пријавата, на 4 септември 2025 година во Штип, осомничениот без дозвола и согласност ја користел банкарската картичка на 75-годишна жена од Штип и неовластено извршил трансакции на банкомат.
Случајот е целосно документиран и проследен до надлежните органи за понатамошна постапка.
Црна хроника
Притворен стружанец поради обид за убиство пред угостителски објект
Полицијата вчера го приведе Е.А.(27) од струшкото село Франгово во врска со убиство во обид сторено на 16 авгиуст во Струга.
„Со решение од Основниот суд во Струга, него определена му е мерка притвор во траење од 30 дена, по што е пренесен во Казнено поправната установа „Затвор“ Охрид“, соопшти СВР Охрид.
Инцидентот се случил пред угостителски објект во Струга, кога осомничениот заедно со уште едно лице го нападнал Н.Д. (30) од село Велешта, употребувајќи остар предмет.

