Топ
Детали за сообраќајката на патот Охрид-Кичево, во која загина едно лице, а тројца се повредени

Еден човек загина а тројца се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера на магистралниот пат Подмоље-Охрид, пред манастирот „Св.Еразмо“. Загинатиот бил сопатник во едното возило кое учествуваше во сообраќајката, покрај другите два автомобили и еден камион.
Според информациите од МВР, незгодата се случила помеѓу “фолксваген голф“ управуван од Љ.Г. (51) од Охрид, „ауди А4“ управувано од Е.Љ.(22) од Охрид, „фолксваген голф“ управувано од А.Џ.(46) од Струга и товарно моторно возило „сканија“ управувано од Т.Ѓ.(38) од охридското село Вапила.
„ Во незгодата, сопатникот од возило “фолсваген голф“ Х.Г.(78) од Охрид, од здобиените повреди на пат за болницата „Св.Еразмо“ починал. Со тешки телесни повреди се здобил Љ.Г. а со телесни повреди се здобиле А.Џ. и Е.Љ. констатирани во болницата “Св.Еразмо““ се вели во соопштението.
Увидна екипа од СВР Охрид извршен увид на местото на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гром го предизвикал пожарот во велешката фабрика, велат од „Мирана“

Удар од гром е причината за пожарот што синоќа избувна во дел од производствениот погон на „Биокосмос“ во Велес, информираат од компанијата „Мирана“ преку официјално соопштение.
Од ударот се оштетени дел од просториите на „Биокосмос“ и, како што посочуваат од таму, тие привремено ќе бидат надвор од употреба додека не се санира штетата.
Фабриката „Мирана“, која се наоѓа во истиот индустриски комплекс, не била зафатена од пожарот и производствениот процес таму продолжува непречено.
Во пожарот нема повредени лица.
Центарот за управување со кризи, претходно денес информира дека пожарот бил целосно локализиран рано утрово, околу 4 часот. Според информациите на ЦУК, огнот зафатил магацински простор со фрижидери и канцеларии со документација, а на неколку места сè уште се забележува слабо чадење.
Иако пожарот е ставен под контрола, службите сè уште се на терен за да спречат повторно разгорување, со оглед дека на одредени локации сè уште се јавуваат чадења.
Македонија
(Видео) Едниот качен на хауба, друг вози без дозвола – поднесени пријави за скопјаните кои дивееа низ улиците

Министерството за внатрешни работи поднесе пријави против двајца млади скопјани, откако на социјалните мрежи се појави видео од опасна и непромислена „возачка забава“ по скопските булевари.
Во видеото се гледа како едно лице стои на хаубата од автомобил во движење, а возачот, покрај тоа што управува без дозвола, вози и без регистарски таблици. Станува збор за 20-годишниот С.З. и 19-годишниот Р.Ѓ., двајцата од Скопје. Против нив се покренати поднесоци по неколку основи, вклучително и управување без возачка дозвола, загрозување на сопствената и туѓата безбедност, како и дозволување управување на лице без дозвола.
Од МВР информираат дека лицата биле веднаш повикани на службен разговор, а полицијата презема и дополнителни активности за целосно расчистување на случајот.
Македонија
Полициска интервенција во Струга: Над 500 лица и 120 луксузни возила на собир по полноќ, запленети се автомобили

Доцна синоќа, нешто по полноќ, струшката полиција интервенирала на паркинг во градот по пријава за гласна бучава и вознемирување на јавниот ред и мир. Според информациите од МВР, на местото биле затекнати повеќе од 500 лица и околу 120 спортски и луксузни возила, кои – наводно – биле дел од изложба на автомобили.
Настанот се одвивал во периодот од 00:30 до 02:00 часот, а полицијата реагирала веднаш по пријавата. Лицата не постапиле по наредбите на полициските службеници, по што биле повикани дополнителни екипи за да се стави ситуацијата под контрола.
Во акцијата биле одземени пет возила, согласно член 344 од Законот за безбедност на патниот сообраќај, а биле регистрирани и осум други сообраќајни прекршоци.
Од МВР велат дека по целосно расчистување и документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против сите инволвирани.