Топ
Жена загина во тешка сообраќајна несреќа на скопската обиколница, повредени се и три лица
Скопјанка загина во тешка сообраќајна несреќа, која вчеравечер се случи на скопската обиколница. Таа била сопатничка на мотоцикл, кој се судрил со автомобил „опел корса“. Двајцата возачи се пренесени во болница со полесни повреди.
„Сообраќајна несреќа се случила помеѓу патничкото возило ‘опел корса’, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р. И. (49) од с. Горно Нерези, Скопско, и мотоцикл ‘кавасаки’, со скопски регистарски ознаки, управуван од Г. В. (45) од с. Трубарево, Скопско. Во несреќата добиените повреди на местото починала К. В. (40) од Скопје, сопатничка на мотоциклот“, велат од МВР.
И сопатникот во автомобилот исто така има повреди. Тој е пренесен во Градската општа болница „8 Септември“.
Увидот на скопската обиколница траеше до доцна вечерта. На местото излезе и дежурен јавен обвинител. Телото на починатата е предадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Парно греење нема ниту во училиштата и градинките, СДСМ повика на формирање на кризен штаб
Опозициската СДСМ повика на формирање на кризен штаб, откако утрово повеќе скопски општини останаа без парно.
Според информациите, греење нема во Центар, Ново Лисиче, Аеродром, Кисела Вода, Капиштец. Парно греење нема ниту во дел од училиштата и градинките, а родителите во повеќе општини добиле повик да дојдат да си ги земат децата.
„Скопјани, децата, пензионерите мрзнат поради неспособноста на ДПМНЕ. Децата и изнемоштените луѓе, во 21 век се оставени на милост и немилост на несподобните директорчиња од ДПМНЕ и министерката за енергетика, блиска до Мицкоски“, велт од СДСМ.
Од тука додаваат дека двата системи се проектирани да функционираат на начин што ќе ја поделат обврската во затоплување – дел со парно, а доминатен дел со струја. Сега кога граѓаните се оставени со саати без парно се принудени да бараат алтернатива, да вклучуваат греење на струја, да се згрејат на овие минусни температури, велт од СДСМ.
„Целосна одговорност за хаосот во енергетскиот сектор е кај минстерката за енергетика, Сања Божиновска која нема капацитет да менаџира со овој важен сегмент. Ги повикуваме веднаш да формираат кризен штаб, брзо да се реагира и веднаш граѓаните да добијат греење. Во време на голема светска енергетска криза СДСМ не дозволи да има прекини, граѓаните имаа непречено и струја и парно греење!“, се вели во партиската реакција.
Од ЕСМ претходно информираа дека поради зголемени загуби на вода во топлификациската мрежа, е намалена испораката на топлинска енергија и се работи на изолирање на проблемот со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска енергија.
Топ
Трагедија во Делчево: се запали куќа, загина 37 годишен маж
Пожар изби во селото Чифлик, Делчево утрово, пришто едно лице го загуби животот.
Според информациите од Центарот за управување со кризи, противпожарните екипи интервенирале од 5 до 9 часот, а куќата целосно изгорела.
„Најдено е целосно изгорено машко тело родено 1988 година кое живеело само и имало здраствени проблеми“, информираа од ЦУК.
Телото е однесено на обдукција.
Причина за пожарот е непозната.
Македонија
Се запалил оџакот, а од него и покривот во домот за стари лица во Кавадарци, евакуирани сите станари, од кои пет биле неподвижни
Триесет лица, од кои пет неподвижни, се евакуирани од домот за стари лица, што се запали во селото Чемерско, Кавадарци.
Според првичните информации, првин се запалил оџакот, а од него и покриовот на домот.
Сите 30 станари во доморт се живи и безбедно извлечени од објектот што бил зафатен од пожарот и ќе бидат сместени во Општата болница во Кавадарци, соопшти Центарот за управување со кризи.
Пожарот го гаснеа 10 пожарникари со 3 противпожарни возила. На терен има уште 3 медицински тима и 2 полициски возила со 8 полицајци.